Актерот Дилан Спроус и моделот Барбара Палвин го очекуваат своето прво дете.
Двојката ја откри веста на Филмскиот фестивал во Кан, каде Палвин позираше држејќи го трудничкиот стомак, а потоа официјално ја потврдија и на „Инстаграм“ со фотографии и снимка од ултразвук.
View this post on Instagram
Во коментарите им честитаа бројни познати личности, меѓу кои Ешли Тисдејл, Дав Камерон и Нина Добрев.
Спроус и Палвин се венчаа во 2023 година во Унгарија по пет години врска. Пред неколку недели тие доживеале и непријатен инцидент кога непознато лице наводно провалило во нивниот дом во Холивуд.