Едно од најголемите изненадувања на отворањето на Канскиот филмски фестивал во 2026 година беше познатата Деми Мур, која загрижи многумина со својот изглед. Иако блескаше во сребрена тоалета, нејзината фигура е значително потенка.
Втората вечер, таа успеа да го привлече вниманието кон себе со уште едно фантастично модно издание и докажа дека секогаш успева, дури и кога не вложува многу труд.
Таа присуствуваше на премиерата на филмот La Vie d’une Femme, а овој пат избра спектакуларен фустан од модната куќа Gucci. Романтичната креација во прекрасна нијанса на лаванда совршено ја нагласи нејзината фигура, додека проѕирните ракави и горниот дел во форма на корсет придонесоа модната приказна да биде уште посензационална.
View this post on Instagram
Посебен дел од креацијата е луксузниот лелеав дел што Деми ентузијастички го влечеше зад себе на црвениот тепих.
Иако беше воведено строго правило со кое се забранува појавување во таканаречени „голи фустани“, Деми Мур најде одлично решение да остане „верна“ на тој тренд, но и да го почитува кодексот на облекување.
View this post on Instagram
A post shared by Entertainment Tonight (@entertainmenttonight)
Полупроѕирниот материјал под кој е видлива голата кожа и екстремно високиот шлиц се елегантниот начин на кој таа одговори на ова правило.
Лабавата коса, дијамантските обетки и свежата шминка дополнително го нагласија целиот изглед, а особено би сакале да ги споменеме салонките во боја на лаванда кои се приказна сами по себе…