ПСЖ ја одбрани титулата во Франција


13976416.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја одбранија титулата шампион на Франција со победа над Ленс на гостински терен со резултат 2:0 (1:0).


Со овој триумф, шампионот на Европа и финалистот на новото издание на Лигата на шампионите ја обезбеди титулата во директен дуел со првиот конкурент.

ПСЖ сега има 76 бода, дури девет повеќе од Ленс, кој со евентуална победа можеше да внесе драма во трката за трофејот во пресрет на последното коло.

Првиот гол за ПСЖ го постигна Хвича Кварацхелија во 29-та минута, а точка на победата стави Мбаје во четвртата минута од судиското продолжение,

Сега ПСЖ може целосно да се фокусира на финалето на Лигата на шампионите, кое ќе го игра на 30 мај во Будимпешта против Арсенал.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK