Поради технички причини, дел од услугите на uslugi.gov.mk се недостапни


screenshot-2026-04-21-091339.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за дигитална трансформација информира дека, поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни.


„Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу скоро. Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш по целосното воспоставување на достапноста на услугите“, соопшти Министерството.

Министерството за дигитална трансформација им се заблагодарува на граѓаните за трпението и разбирањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK