Почина истакнатата новинарка Гордана Дувњак


674432504_10242568851465326_731892838414950894_n.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По долго боледување, на 61-годишна возраст, почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, која остави претпознатлив белег со медиумската работа, особено во областа на политиката и правосудството.


Дувњак својата новинарска кариера ја започна во 1988 година во Македонската радио-телевизија, каде работеше две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на „Нова Македонија“, по што следуваше долгогодишниот ангажман во „Утрински весник“, каде работеше како новинарка и уредничка во периодот од 1999 до 2017 година.

Професионалниот пат го продолжи во порталот „Макфакс“ во 2017 година, а една година подоцна стана дел од телевизијата „1ТВ“, каде исто така извршуваше и уредничка функција. Од 2019 година работеше во неделникот „Фокус“.

„Се одјави нашата мајка, жена, кралица Гордана Дувњак. Жена која што не ја сакаше и почитуваше само тој што ја немаше запознаено. Врвен професионалец и новинар кој беше пример за чесност, љубов кон професијата и став“, напиша нејзиниот син Мартин Дувњак.

Погребот ќе се одржи утре на гробиштата на Бутел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK