Обвинителството при оценка на Обвинителниот акт приложи записник на македонски јазик од сведок кој не го разбира тој јазик.
Одбраната го посочи Записникот за сослушување на овој сведок составен на македонски јазик и потпишан од сведокот и од обвинителот без преведувач, со износ на побарана наведен во Обвинителниот акт сосема различен од она што оштетената, преку преведувачот, го побара. Различно беше и образложението на сведокот.
По приговорот на одбраната, обвинителот кажа дека износите наведени во обвинителниот акт биле проста математичка операција. Според одбраната, законот не му дозволува на обвинителот да прави математички операции, туку обвинението да го заснова на исказ на оштетен даден на јазик што го познава.
Познавачите на правото наведуваат дека испитување на оштетен кој не го познава јазикот без преведувач претставува груба повреда на законот и Уставот и обвинението не смеело да биде одобрено со таква повреда.
Продолжете со читање на mkd.mk