Почетокот на август за два хороскопски знаци може да донесе повеќе предизвици, недоразбирања и неочекувани промени, според хороскопските толкувања.
За Близнаците, периодот би можел да биде обележан со натрупани обврски, промени во последен момент и мали недоразбирања, особено на работа и во семејството. Советот е да покажат повеќе трпение и флексибилност.
Шкорпиите, пак, би можеле да се соочат со поемоционален почеток на месецот. Можно е да се отворат стари прашања или да бидат изненадени од нечии реакции, поради што се советуваат да не носат избрзани одлуки.
И покрај предизвиците, хороскопските толкувања наведуваат дека токму ваквите периоди често носат позитивни промени и можност за нов почеток.