Речиси секој четврти Јапонец верува дека напредната вештачка интелигенција во иднина би можела да ги замени пријателите и членовите на семејството, покажува истражување на агенцијата „Џиџи“.
Според анкетата, 24,9 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е можно, додека 65,1 отсто не се согласуваат. Најизразено е ваквото мислење кај помладите, особено кај лицата на возраст од 18 до 29 години.
Истражувањето покажува и дека 30,8 отсто од испитаниците веќе користат генеративна вештачка интелигенција, како што е ChatGPT, најчесто за работни задачи.
Дел од корисниците ја користат вештачката интелигенција и за разговори – 21,7 отсто разговараат со неа за музика, филмови и познати личности, а 12,8 отсто споделуваат лични грижи поврзани со љубовта или работата.