Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.