Атлетико го чека Баерн, Барселона против Астон Вила, ПСЖ гостува во Виљареал

Лигата на шампионите вечерва влегува во четвртото коло од лигашката фаза. Најголемото дерби на вечерта е судирот меѓу Атлетико Мадрид и Баерн. Иако не се во најдобра позиција во Лигата на шампионите, станува збор за два одлични тима. Во последното коло, Баерн ремизираше 2:2 против Арсенал, а имаше и голем кикс против Викинг, во Норвешка беше 3:3. Оваа сезона, Атлетико …

Continue Reading

(Фото) Северна Кореја тестира нови ракети: тврди дека можат да ја претворат областа во пепел

Северна Кореја остро ги отфрли обвинувањата на американското ФБИ дека стои зад кражбата на шест милијарди долари од берзата за криптовалути Binance. Речиси истовремено, Пјонгјанг изврши пробно лансирање на стратешки крстосувачки ракети – што претставува нов приказ на воените капацитети на земјата, пренесува „Еуроњуз“. Лансирањето уследи веднаш откако Ким Јо-џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, јавно ги негираше …

Continue Reading

Вучиќ го помилува возачот кој прегази студентка; „Студентска листа“: Помилувањата не смеат да служат како алатка за политичка одмазда

По објавувањето на списоци со поединци помилувани од поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, „Студентска листа“ излезе со реакција. Тие посочуваат дека институтот помилување е целосно обезвреднет. „Одлуката на поранешниот претседател да помилува возач обвинет за обид за тешко убиство – во случајот со прегазувањето на нашата колешка Соња во јануари минатата година – е неприфатлива“, велат од „Студентска листа“. …

Continue Reading

Фудбалер на Тенерифе почина како резултат на судир со противничкиот голман

Шокантни вести ни стигнаа утрово од Шпанија. Хесус де Мигел почина, утрово како последица на сериозна повреда што ја здоби синоќа за време на натпреварот против Андора. Тажната вест ја објави неговиот клуб, Тенерифе. Де Мигел имаше 30 години. Синоќа доживеа ужасен судир со голманот на гостите, Хесус Овон, од Екваторијална Гвинеја, по што беше изнесен од теренот на носила …

Continue Reading

ДУИ: Случајот со Алта банка отвора прашања кои одат многу подалеку од проблемите во една банка

Случајот со Алта банка отвора прашања кои одат многу подалеку од проблемите во една банка. Станува збор за управувањето со јавните средства, финансиската безбедност на државните институции и можната поврзаност меѓу политичките одлуки и банкарските интереси, велат од ДУИ. „Фактот дека Народната банка мораше да воведе привремена администрација и ограничувања во располагањето со средствата, додека јавни институции и претпријатија се …

Continue Reading

За чист ходник – три едноставни промени кои прават голема разлика

Ходниците брзо се полнат со предмети што ги оставаме штом ќе влеземе низ вратата. Јакната завршува на првата слободна закачалка, сметките се оставаат насекаде, а чевлите остануваат точно таму каде што сме ги соблекле. Ако нередот се враќа веднаш штом ќе расчистите, обрнете внимание каде најчесто ги оставате своите работи и организирајте го просторот така што ќе одговара на тие …

Continue Reading

Општина Крива Паланка: Неконтролираното движење на крупниот добиток предизвикува сериозни штети, од АХВ се бара оперативен план и постапување по правосилните решенија

„Општинскиот кризен штаб ѝ препорачува на Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на Општина Крива Паланка, со обезбедување дополнителни ресурси и активирање на законски предвидените механизми за целосно и трајно решавање на долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на крупниот добиток“, велат од Општина Крива Паланка. „Препораката произлезе од првиот состанок на Општинскиот кризен штаб за оваа проблематика, одржан …

Continue Reading

(Видео) Авион се урна на улица во Мексико една минута по полетувањето: двајца загинати

Две лица загинаа вчера кога авион од типот „Цесна 210“ се урна во Мексико. Авионот паднал веднаш по полетувањето од Националниот аеродром „Пачука“ во сојузната држава Идалго, потврдија воздухопловните власти. Според Мексиканската федерална агенција за цивилно воздухопловство (AFAC), авионот – со кој оперирала компанијата „Grupo Aeroespacial Avspace“ – полетал во 9:30 часот по локално време. Летал кон Меѓународниот аеродром „Куернавака“ …

Continue Reading

(Фото) За оние што сакаат волумен: Шест фризури од 70-тите кои денес се вистински хит

Седумдесеттите години беа златно доба за фризурите – стилови на кои и денес им се навраќаме секогаш кога посакуваме промена. Од култните „Биркин“ шишки, преку раскошни бранови, па сè до незаборавниот волумен – ретро естетиката повторно ја освојува есенската сезона. Постојат фотографии што можете да му ги покажете на фризерот денес – без потреба од дополнително објаснување. Џејн Биркин, со …

Continue Reading