ЦУК со апел: Користете го 112 само за итни случаи, луѓе се јавувале за секојдневни проблеми

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните бројот 112 да се користи одговорно и исклучиво во ситуации кога е потребна итна и неодложна интервенција. Во изминатиот период биле регистрирани голем број повици кон 112 кои немаат итен карактер – повици поврзани со секојдневни проблеми, меѓучовечки недоразбирања, барање информации, административни прашања и други ситуации во кои не постои непосредна опасност …

Continue Reading

(Фото) Пуштен во употреба новиот мега парк „Бутелска оаза“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска заеднички официјално го пуштија во употреба новиот мега парк „Бутелска оаза“. „Бутел доби ново зелено срце. Место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени. Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа. Се сеќавам, кога …

Continue Reading

Се обиделе да се пресметаат со остри предмети: се степале во заедничкиот двор во Гостиварско

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Ј.(51) од с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Имено на 13.08.2026 во заедничкиот двор на пријавениот и В.А., по претходно нерасчистени имотно-правни односи, се обиделе да се пресметаат со остри предмети.

Continue Reading

Маж од Франција починал на Клиниката за кардиохирургија: бил донесен во тешка здравствена состојба

Вчера во 10:04 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека на Клиниката за кардиохирургија починал Б.Х.Г.В.П.(72) од Франција. Според полицијата тој бил со престој во хостел на подрачјето на Бутел а претходниот ден бил донесен во тешка здравствена состојба. По насока на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судската медицина за …

Continue Reading

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно нѐ поврзува со пристаништето во Бар

Поквалитетно инфраструктурно поврзување на Македонија со регионот е врвен приоритет на Владата. Како земја која нема излез на море, градиме инфраструктура што директно ќе нѐ поврзе со три пристаништа, истакна заменик претседателот на Владата Александар Николоски на средбата со заменик претседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ. Ова според вицепремиерот Николоски е нова можност за развој на домашната економија, …

Continue Reading

На маса е предлог студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС повторно се обидува да собира политички поени на грбот на студентите, заборавајќи дека токму во времето на нивното владеење студентските домови со години беа запоставени, без соодветни инвестиции и без сериозен пристап кон решавање на проблемите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата дека студентскиот дом „Стив Наумов“ се распаѓа. „Денес, кога конечно се преземаат конкретни чекори за реконструкција на студентските …

Continue Reading

Славески: Самиот факт дека средства се префрлаат од една во друга земја не значи дека станува збор за сомнителна активност

Домашниот банкарски систем е стабилен и отпорен. Народната банка континуирано, на секојдневна основа, го следи работењето на банките, нивната ликвидност, капиталната позиција и изложеноста на ризици и презема соодветни мерки во рамките на своите надлежности кога за тоа има основа, истакнува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во врска со актуелните медиумски наводи за прекугранични трансфери на средства. Во однос …

Continue Reading

Санчез: Довербата во брзите железници е нарушена по несреќата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес изјави дека довербата на граѓаните во брзиот железнички систем е нарушена по сериозната железничка несреќа во покраината Толедо, и рече дека должност на владата е да ги утврди причините за трагедијата и да спречи повторување на слични несреќи. „Довербата во брзиот железнички систем во нашата земја е нарушена. Задача на владата не е само да …

Continue Reading

(Видео) Најавени протести на младите во Германија, луксузните продавници ги обезбедуваат излозите

Во околу триесет германски градови за утре се најавени протести организирани од иницијативата „Gen Z regelt“ („Генерацијата Z презема иницијатива“). По немирите и грабежите што се случија за време на протестите во Франција, германските трговци преземаат мерки на претпазливост. Во моментов, полицијата нема информации за конкретни планови за насилство. Иницијативата „Gen Z regelt“ ги повика младите да се приклучат на …

Continue Reading