Кои се главните промени во негата на кожата кога времето ќе стане постудено? Што треба да знаете
По исклучително жешкото лето, сосема е природно да се очекува пад на температурите, но оваа промена може да донесе и различни промени на вашата кожа. На пример, лесните серуми на кои сте навикнале можеби веќе нема да бидат доволни, бидејќи комбинираното влијание на студеното време и греењето во затворените простории може да предизвика сувост и чувствителност на кожата. Понатаму, одредени …
Continue Reading
Девет навики на бабите и дедовците кои се всушност многу корисни за децата
Некои навики на бабите и дедовците можеби изгледаат старомодно, но всушност можат да бидат многу корисни за децата. Преку заедничко поминување време, вклучување во секојдневни активности и учество во едноставни семејни ритуали, внуците можат да развијат важни животни вештини, независност и чувство на поврзаност. Еве девет навики на бабите и дедовците кои можат позитивно да влијаат врз развојот на децата: …
Continue Reading
ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!
„Кого мислите дека манипулирате, кога за само 24 часа сами си ги демантиравте сопствените пропагандни бајки? Од една страна, премиерот Мицкоски се слика на гламурозни презентации и најавува апликација „мУслуги“ со ветувања за помалку шалтери, помалку хартиени документи и дигитализација, а од друга страна, Владата шверцува одлуки за масовно трајно вработување на илјадници луѓе во јавната администрација!“, велат од ЛДП. …
Continue Reading
(Фото) Неколку бои прават просторот да изгледа поголем и посветол: клучот лежи во еден неочекуван трик
Со неколку трикови при боењето и правилен избор на нијанси, дури и најтесниот простор може визуелно да „продише“ и да изгледа значително попростран и посветол. Постои широко распространето верување дека само снежно-белите ѕидови можат визуелно да ја прошират просторијата. Иако белата боја навистина ја рефлектира најголемата количина светлина, современите дизајнери на ентериер го побиваат овој мит, покажувајќи дека палетата на …
Continue Reading
Принцезата Кејт била голем обожавател на Горан Иванишевиќ: „Го обожавав“
Принцезата Кејт Мидлтон откри дека, како млада девојка, била голем обожавател на Горан Иванишевиќ. Таа го издвои хрватскиот тенисер како еден од нејзините омилени во документарниот филм на BBC, „Сју Баркер: Нашиот Вимблдон“ (Sue Barker: Our Wimbledon), а нејзините изјави повторно привлекоа внимание. Кејт се присети на своето растење следејќи го Вимблдон. „Отсекогаш сум го следела Вимблдон; тој беше дел …
Continue Reading
ДOМ: Граѓаните не живеат од проценти – бараме економија што носи пристојни плати, чист воздух и европски институции
„Владата деновиве се пофали со позитивни извештаи од Светската банка и економски раст од 4,3% во вториот квартал. Ова се добри вести за статистиката, но останува клучното прашање: кога граѓаните ќе го почувствуваат овој раст во своите паричници, во болниците и во воздухот што го дишат“, велат од ДОМ. „Современите европски демократии одамна не го мерат успехот само преку Бруто …
Continue Reading
(Фото) Вонредни контроли и во месарниците: во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки, извести АХВ. При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно …
Continue Reading
Сите правиме грешка при подготовката на кафе – затоа има премногу силен вкус
Начинот на подготовка, температурата на водата и моментот кога ќе го тргнете садот од шпоретот можат значително да влијаат на крајниот резултат. Многу луѓе брзаат да го подготват своето утринско кафе, често занемарувајќи ги деталите што прават разлика помеѓу шолја кафе со богат и пријатен вкус и таква што едвај се пие. Добрата вест е дека со неколку едноставни промени, …
Continue Reading
Во Кинотека две значајни годишници: 20 години од смртта на Димитрие Османли и 65 години од снимањето на „Мирно лето“
Во петок, на 30 октомври, со почеток во 19:00 часот, Кинотеката на Македонија ќе одбележи две значајни годишници од историјата на македонската кинематографија: 20 години од смртта на режисерот и филмски автор Димитрие Рули Османли и 65 години од снимањето на „Мирно лето“ (1961), првата македонска филмска комедија и првиот филм во македонската кинематографија режиран од македонски филмски автор. Освен …
Continue Reading