САД и Грција постигнаа договор за продажба на воена опрема вредна четири милијарди долари

Соединетите Американски Држави и Грција постигнаа договор за продажба на воена опрема вредна четири милијарди долари, со цел зајакнување на одбранбените капацитети на Атина и продлабочување на билатералната соработка. Договорот беше објавен по шестиот американско-грчки стратешки дијалог, одржан во Атина, на кој учествуваа американскиот државен секретар Марко Рубио и грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис, пренесува Анадолу. Според заедничкото …

Continue Reading

Удирал по возилото и се обидел да ја отвори вратата: сообраќајна расправија во скопски Центар

Во СВР Скопје вчера во 10:30 часот Т.Д.(20) од Скопје пријавил дека на 06.10.2026 околу 17:30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице агресивно се однесувало кон него. Лицето според пријавеното се обидело да му ја отвори вратата и удирало по неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

24-годишна скопјанка претепана од партнерот: ѝ нанел и расекотини

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена пријавила дека на 04.10.2026 околу 18:00 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Ј.. Тој според полицијата потоа со остар предмет ѝ нанел расекотини. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Continue Reading

Откако прими две смртоносни инјекции ги направи првите чекори: нови детали за Криста Пајк

Криста Пајк, која имаше неуспешен обид за егзекуција минатата недела во американската држава Тенеси, сега е „крената на нозе и шета“ низ болничката соба, изјави член на нејзиниот правен тим. Пајк (50) беше осудена на смрт за убиството на Колин Слемер во 1995 година, кое го изврши заедно со нејзиниот партнер во тоа време. Таа преживеа две смртоносни инјекции за …

Continue Reading

Ослободени сите седуммина осомничени за подготовка на напад врз американска база во Британија

Британската полиција го ослободи со кауција и последниот, седми осомничен за подготовка на терористички напад врз американската воздухопловна база РАФ Ферфорд во Велика Британија, пренесува „Ројтерс“. Станува збор за 22-годишен британски државјанин, кој е пуштен на слобода под строги услови. Претходно со кауција беа ослободени и останатите шестмина осомничени. Петмина британски државјани беа уапсени на 27 септември во близина на …

Continue Reading

Шпански медиуми: Тепачка на тренингот на Реал

Реал Мадрид повторно го тресат проблеми во соблекувалната. Шпанските медиуми пишуваат дека дури и по враќањето во клубот, Жозе Мурињо не можел да ги смири тензиите меѓу играчите, а „Кадена СЕР“ тврди дека двајцата играчи од првиот тим неодамна се степале. Веста ја објав и нглискиот „Дејли меил“. Нивните имиња не се објавени, но новинарот Антон Меана тврди дека атмосферата …

Continue Reading

Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски утринава ги додели првите картички за зелена нафта во Свети Николе, а потоа им врачи картички и на земјоделците во Битола, каде што во изјава за медиумите соопшти дека од денес започна распределбата на вкупно 48.037 картички, за која се обезбедени 584 милиони денари, односно околу 9,5 милиони евра. „Финансиската поддршка започна …

Continue Reading

СДСМ: Ребалансот на Буџетот е затоа што нема пари за плати и пензии до крајот на годината

Владата подготвува нов ребаланс на Буџетот поради недостиг од средства за исплата на плати, пензии и покривање на тековните трошоци до крајот на годината, велат од СДСМ. Членката на Извршниот одбор на партијата, Симона Цветаноски, на денешната прес-конференција изјави дека состојбата со државната каса е катастрофална и дека буџетскиот дефицит ќе надмине 900 милиони евра. „Целиот планиран дефицит е веќе …

Continue Reading

Јужна Кореја го повлекува амбасадорот од Украина по дипломатски спор со Киев

Јужна Кореја соопшти дека го повлекува својот амбасадор од Украина, по дипломатскиот спор што избувна меѓу двете земји откако украинскиот претседател, Володимир Зеленски, јавно откри дека двајца заробени севернокорејски војници биле префрлени во Сеул. Спорот почна минатиот месец, кога Зеленски во говорот пред Генералното собрание на Обединетите нации го откри трансферот на војниците кои се бореле на страната на Русија. …

Continue Reading