(Видео) Бангкок прогласен за зона на катастрофа – улиците под вода, сообраќајот запрен, училиштата затворени

Бангкок е под вода по обилните дождови, а гувернерот на главниот град прогласи зона на катастрофа во сите 50 окрузи на поширокото подрачје на метрополата. Главните сообраќајници се поплавени, автомобилите се заглавени во вода, а на места водата им достигнува до половина на телото на жителите кои се обидуваат да се пробијат низ улиците. Во последните 48 часа паднале речиси …

Continue Reading

(Видео) Повеќе од 600 илјади верници на миса со папата Лав XIV во Париз

Повеќе од 600 илјади верници се собраа во Париз на миса со папата Лав XIV, во рамките на неговата четиридневна посета на Франција. Плоштадот Конкорд и околните улици беа преполни со верници кои уште пред зори пристигнаа со ватикански знамиња. Поради посетата, полицијата затвори повеќе улици низ кои папата помина со папамобилот. Посетата на Лав XIV доаѓа во период кога …

Continue Reading

(Видео) Над 45.000 ученици протестираа во Германија против можноста за задолжителен воен рок

Повеќе од 45.000 ученици во околу 100 градови низ Германија во петокот излегоа на протести против можноста за воведување задолжителен воен рок. Демонстрациите ги организираше иницијативата „Училишен штрајк против воената обврска“, која се спротивставува на повторното воведување задолжително служење во Бундесверот. Под мотото „Не на воената обврска, цивилната служба и војната“, учениците протестираа и против воената вежба на Бундесверот „Red …

Continue Reading

Загреб пред голем штрајк: може да запре јавниот превоз, а да се намали и собирањето на ѓубрето

Загреб во понеделник би можел да остане без јавен превоз. Работниците на Загрепскиот електричен трамвај, односно ЗЕТ, најавуваат штрајк. Ако дотогаш не се постигне договор, штрајкот треба да започне во понеделник во 3 часот и 30 минути. Тоа би значело дека трамваите и автобусите на ЗЕТ би можеле целосно да престанат да сообраќаат. Синдикатите бараат повисока основица на платите, подобри …

Continue Reading

Јоргенсен бара непречен извоз на дизел од САД, предупредува на тешка зима во Европа

Европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен го повика американскиот претседател Доналд Трамп да обезбеди непречен извоз на дизел кон Европа, предупредувајќи дека прекинот на американската испорака дополнително би ги зголемил цените и би ја загрозил енергетската сигурност на континентот. Јоргенсен изјави дека слободниот проток на енергија меѓу САД и Европа е во интерес на двете страни, но предупреди дека и …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“

Светлана Мојсов е одликувана со Орден „8 Септември“ за нејзиниот исклучителен придонес во биохемијата и светската наука. Признанието на македонската научничка ѝ го врачи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија во „Вила Водно“. Примајќи го признанието, Мојсов со емоции се заблагодари за укажаната чест. „Јас сум без зборови. Многу Ви благодарам“, рече Мојсов. Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека иако научната кариера …

Continue Reading

Малта со најевтино гориво во ЕУ, но субвенциите го оптоваруваат буџетот

Политиката на Малта за ограничување на цените на горивата, која се применува од 2020 година, сè повеќе го оптоварува државниот буџет. Иако граѓаните и компаниите плаќаат фиксни и релативно ниски цени, трошокот за субвенционирање на горивата значително пораснал. Според податоците на Европската комисија, минатата недела просечната цена на дизелот во еврозоната била околу 2,3 евра за литар, а бензинот околу …

Continue Reading

Иран предупредува: Американските бази на Блискиот Исток ќе бидат цели ако Вашингтон „направи грешка“

Иранската војска предупредува дека американските воени бази и интереси на Блискиот Исток ќе бидат цел на напад доколку Вашингтон „направи грешка“ кон Иран. Предупредувањето, според полуофицијалната агенција „Мехр“, доаѓа од Централниот штаб „Катам ал-Анбија“, највисоката оперативна воена команда на Иран. Техеран во меѓувреме го очекува одговорот од Вашингтон на неговиот седумдневен план за повторно отворање на Ормускиот теснец. „Мехр“ оценува …

Continue Reading

Вучиќ: Го известив Путин дека утре поднесувам оставка

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска телефонски разговарал околу еден час со рускиот претседател Владимир Путин, при што во фокусот биле енергетската соработка и гасниот аранжман меѓу двете земји, кој истекува на 30 септември. Вучиќ изјави дека очекува аранжманот да биде продолжен под непроменети услови и дека Србија и натаму ќе има стабилно снабдување со гас. Според Вучиќ, Србија би …

Continue Reading