Трамп воведе нови царини за Канада, канадскиот премиер пристигнува во Европскиот парламент
Канадскиот премиер Марк Карни ќе се обрати пред Европскиот парламент следниот месец. Посетата доаѓа откако трговските разговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп пропаднаа, објави АП. Канцеларијата на Карни вчера потврди дека премиерот ќе учествува и во годишното обраќање за состојбата на Европската Унија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе го одржи својот говор на 16 …
Continue Reading
(Видео) Жирокоптер удри во кабли од жичница во Италија и се запали, двајца мртви
Драматични снимки го забележија моментот кога жирокоптер удрил во каблите на сервисната жичница, се запалил и се срушил во регионот Пиемонт во Италија. Двете лица во леталото загинале. Несреќата се случила околу 11:10 часот вчера во близина на вештачкото езеро и браната Кампличоли во високата долина Антрона, во близина на швајцарската граница. Областа е на околу 1.400 метри надморска височина. …
Continue Reading
Денеска прекин на водоснабдувањето на две улици
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на улицата Воин Драшкоци бб (за ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Continue Reading
Сончево и топло време, услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе …
Continue Reading