(Видео) Феран Торес со два гола спречи пораз на ПСЖ
Шпанскиот херој од Светското првенство, Феран Торес, имаше блескаво деби во дресот на актуелниот европски првак, ПСЖ. Напаѓачот со два гола не дозволи пораз на „светците“ на гостувањето во Рен. Натпреварот заврши 2:2. Европскиот шампион губеше со 2:0 во првото полувреме против Рен, откако Шимански постигна прекрасен гол во деветтата минута, а предноста ја зголеми Лепол во 38-та минута. Во …
Continue Reading
Вучиќ го угости Жан-Клод Ван Дам: „Изгубив во буткање со раце“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна во Белград со познатиот холивудски актер Жан-Клод Ван Дам, кој е во Србија за да учествува на Филмскиот фестивал во Ниш. Вучиќ извести за средбата на својот Инстаграм профил. Тој објави дека за него е големо задоволство да биде домаќин на „човек со чии филмови пораснаа генерации и кој ни покажа дека со доволно …
Continue Reading
(Видео) Барселона пукна „петарда“ во Елче
Барселона убедливо победи на гостувањето кај Елче во второто коло од Ла Лига, актуелниот првак победи со 5:0 (2:0). Каталонците поведоа во 14-та минута, кога Рафиња беше прецизен од пенал и им донесе водство на гостите. Елче се обиде да одговори, но Барселона успеа да зададе уште еден удар до крајот на првото полувреме. Во третата минута од судиското продолжение, …
Continue Reading
Кинотеката во септември: Филмот како историја и отворена културна територија
Септемвриската програма на Кинотеката на Македонија обединува дела од македонската продукција, филмови од поширокиот балкански простор, класици на светската кинематографија, неми и класични филмови, како и посебни програмски целини посветени на хрватскиот филм и на филмската и културната традиција. Месецот започнува со „Сведок“ на Митко Панов, драма во која потрагата по сведок на воени злосторства постепено се претвора во сложена …
Continue Reading
Зеленски: Украина не учествуваше во саботажата на Северен тек
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес повтори дека неговата земја немала никаква улога во саботажата на гасоводот Северен тек во 2022 година, кој носеше руски гас до Германија, според агенцијата Франс Прес. Германските обвинители заклучија минатиот месец дека експлозиите на гасоводот биле извршени по налог на украинската држава. Обвинението веројатно ќе ги комплицира односите меѓу Киев и Берлин, еден од неговите …
Continue Reading
(Видео) Русите под силен напад со беспилотни летала
Во голем напад со беспилотни летала во текот на ноќта беа погодени повеќе локации во Русија, вклучувајќи ги и логистичките центри на онлајн трговецот на мало „Озон“. Во Краснодар, откако остатоци од беспилотно летало паднаа врз приватен детски центар, две деца беа убиени, додека други девет лица беа повредени, вклучувајќи седум деца, објави локалниот гувернер Венијамин Кондратиев. Тој додаде дека …
Continue Reading
Исланд гласа за враќање на преговорите со ЕУ: „Веќе не можеме да им веруваме на САД“
Исланд ќе гласа за тоа дали да ги отвори преговорите за членство во ЕУ, а одлуката доаѓа откако заканите на Трамп за преземање на Гренланд дополнително ја интензивираа дебатата за безбедноста и идниот статус на земјата. Претседателот на САД, Доналд Трамп, зборуваше неколку пати претходно оваа година за преземање на Гренланд, а притоа, во неколку наврати погрешно го нарече Исланд. …
Continue Reading
Норвешка продолжува со дупчења во Арктикот и покрај ставот на ЕУ
Норвешка ќе продолжи да експлоатира нафта и гас во Баренцовото Море, без оглед на фактот дека Европската Унија поддржува мораториум за арктички извори на енергија. Министерот за енергетика Терје Асланд, исто така, во едно интервју изјави дека Норвешка повеќе не се смета себеси за зелена батерија на Европа, објави „Ројтерс“. По руската инвазија на Украина во 2022 година, Норвешка стана …
Continue Reading
Стара песна, нов звук: „Од утро до мрак“ на ДНК и Ена доби ремикс
По 15 години од оригиналот, популарната „Од утро до мрак“ повторно доби нов звук. Песната на ДНК и Магдалена Цветкоска Ена е преработена во ремикс зад кој стои DJ TOSHEVV, заедно со DJ Monarch, DJ Gokshata и DJ Naste. Оригиналната верзија е објавена во 2011 година – музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, додека текстот е на Ена …
Continue Reading