Од гробно место во Бутел украдена бронзена биста
Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, 19-годишниот П.Ј. од Србија пријави дека во периодот од октомври 2024 до јули 2026 година од гробното место во Бутел била одземена бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Малолетничка нападната од женско лице на подрачјето на Карпош
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, 54-годишната М.М. од Скопје пријавила дека на 17.08.2026 околу 21:30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Кривична против 42-годишник од Пехчево за „насилство врз дете“
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 42-годишниот Ф.А. од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 27.07.2026 на место викано „Парк Езерце”, пријавениот извршил физичко и психичко насилство врз малолетно дете.
Continue Reading
Град Скопје најави авионска и терестична дезинсекција за наредните неколку дена
Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. Исто така од Градот информираат за терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, што ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до …
Continue Reading
Скопјанец пронајден починат во дворот на семејната куќа во Ќерамидница
Вчера во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на населба Ќерамидница во Скопје починал 82-годишниот Т.Б. во Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Continue Reading
(Видео) „Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да има“, вели Давчевски
„Во Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна. Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица, а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба. Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник – градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски“, вели Александар Давчевски, претседател на Градска организација на СДСМ. „Наместо …
Continue Reading
Акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар: пронајден златен накит без жиг во вредност од 86.959 евра
Вчера во периодот од 11:30 до 21:05 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, спровеле акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар, сопственост на Ќ.М.(64) од Гостивар. При контролата, поради непријавување односно немање соодветно обележје (жиг) на златото, Државниот пазарен инспекторат од вработениот З.М.(59) одзеде еден килограм …
Continue Reading
(Фото) Започна дополнителната дезинсекција против комарци на територијата на општина Битола
Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела. Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција, општината тогаш ја воочи имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во земјата, односно прогласената епидемија на Западнонилска треска на подрачјето на дел од Скопје, како и неопходноста од засилување …
Continue Reading
Тешко повреден 29-годишник од Гостиварско: изгубил контрола врз мотоциклот и паднал на коловозот
Вчера во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-село Падалиште, во село Лакавица, 29-годишниот М.В. од село Страјане, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, М.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Continue Reading