Итна дезинсекција во Општина Гази Баба поради бројот на случаи со западнонилска треска
Поради зголемениот број на регистрирани случаи на западнонилска треска, Општина Гази Баба во координација со Центарот за јавно здравје презема навремени и засилени превентивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Одделението за заштита и спасување, во соработка со Центарот за јавно здравје, спроведе итна дополнителна терестичка адултицидна дезинсекција на повеќе локации …
Continue Reading
ВЛЕН: ДУИ две години молчеше за Државната лотарија, а сега бара меѓународен надзор
ДУИ две години молчеше, а денес, кога Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор. Зошто молчеа досега, прашуваат од ВЛЕН. „Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон …
Continue Reading
СДСМ ја повикува власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
СДСМ ја повикува Владата веднаш да направи целосни анализи на водата во целата држава и јавно да ги објави резултатите, откако секојдневно излегуваат нови информации за небезбедна и загадена вода во различни населени места, изјави Маја Борозан од СДСМ, на денешната прес-конференција. Таа посочи дека случајот со Гостивар е показател за нефункционалноста на системот и за задоцнетото постапување на институциите …
Continue Reading
Филипче: Охридскиот договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот
По повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се …
Continue Reading
Пронајдена Кристина од Охрид која беше пријавена за исчезната
Полицијата ја пронајде Кристина од Охрид која беше пријавена за исчезната. Денеска во 12:20 часот на крстосница од ул. „АСНОМ“ со ул. „Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката К.Ј.(15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот. Семејството денеска објави јавен апел за пронаоѓање на 15-годишната Кристина …
Continue Reading
Три авиони и еден хеликоптер го гаснат пожарот кај Габер
Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите, велат од Центарот за управување со кризи. „Поради тоа што пожарот се наоѓа во планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, во овој момент ќе интервенираат три авиони „Ер …
Continue Reading
Мицкоски: Денеска се сеќаваме на Струмичката петорка, студенти кои останаа запишани во македонската историја
На денешен ден, 13 август, се сеќаваме на Струмичката петорка Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Пет млади животи, пет струмички студенти, кои останаа запишани во македонската историја како симбол на една генерација што сонувала за слобода, достоинство и иднина за својот народ, напиша премиерот, Христијан Мицкоски на „Фејсбук“. Нивната трагична судбина, додава тој, е …
Continue Reading
(Видео) Пожар на Халкидики: Евакуирани Сивири и Фурка, пламените јазици стигнале до куќи
Голем пожар избувна денеска во областа на Сивири и Фурка на алкидики, а поради брзото ширење на огнот грчките власти издадоа повеќе пораки преку системот 112 за евакуација на населението и посетителите. Пожарот избувнал во ниска вегетација, но силниот ветер придонел за негово брзо ширење. Според најновите информации од грчките медиуми, пламените јазици стигнале до првите куќи во Сивири, а …
Continue Reading
ДУИ за обвинението против Груби: Две години истрага без ниту еден доказ, апсурдно политичко обвинение за колективна одлука
Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека е сериозно загрижена поради поднесувањето „политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука“. Реакцијата следи откако претдхоно денес Обвинителството покрена обвинение против 8 лица за случајот со злоупотреби во Државна лотарија, меѓу кои и за екс-вицепремиерот од редовите на Интегративците, Артан Груби. „По две години истрага, јавноста заслужува да знае …
Continue Reading