Пронајдена почината 45-годишна жена во стан во Карпош
Четириесет и петгодишна скопјанка синоќа била пронајдена почината во стан во скопската населба Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот извештај, случајот бил пријавен вчеравечер (8 август) во 20:30 часот во СВР Скопје. Лекар од Итната медицинска помош на местото на настанот констатирал смрт кај Е.Д. (45) од Скопје. По насоки на дежурен јавен обвинител, телото на починатата било …
Continue Reading
Синер нема да игра во Синсинати
Јаник Синер нема да игра на Мастерсот во Синсинати. Италијанскиот тенисер, моментално е најдобар играч на светската АТП листа и победник на Вимблдон, но откако го крена трофејот, не одигра ниту еден натпревар. Од 11 август ќе започне Мастерсот во Синсинати, а Јаник Синер нема да биде таму. Како што беше објавено на веб-страницата на турнирот, Синер има проблеми со …
Continue Reading
„Волстрит журнал“: Трамп е подготвен да ја заврши војната со Иран доколку се отвори Ормускиот теснец
Претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвен да го заврши конфликтот со Иран без постигнување нов нуклеарен договор, доколку Техеран целосно повторно го отвори Ормушкиот теснец за пловидба, објави „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal), повикувајќи се на американски официјални претставници. Според извештајот, Трамп во приватни разговори им ја понудил оваа опција на своите високи соработници по неколкунеделни подготовки за прогласување …
Continue Reading
„Не ѝ служам ниту на Америка, ниту на Русија“: Вучиќ порача дека води самостојна и независна политика
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека нема да им служи на големите сили, туку само на Србија бидејќи, како што нагласи, негова работа е да се грижи за земјата што ја претставува. „Јас нема да му служам на никој – ниту на Англија, ниту на Германија, ниту на Америка, ниту на Русија… Ѝ служам само на Србија. Научете го …
Continue Reading
Жешкото време продолжува и во следните денови, температурите до 40°C
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени, јавува УХМР. Во …
Continue Reading
Сообраќајка на булеварот „Србија“: „тојота“ излета од патот и удри во канделабра, повредени две лица
Две лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот „Србија“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот извештај, несреќата била пријавена вчера (8 август) околу 11:40 часот. Патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Х.М. од Скопје, излетало надвор од коловозот и удрило во метална канделабра. Во …
Continue Reading
Малдини: Гвардиола речиси ја презеде Италија, ни црташе формации
Паоло Малдини, во опширно интервју за весникот „Кориере дела Сера“, детално го опиша својот краток и бурен мандат како технички директор на италијанската фудбалска репрезентација и настаните што доведоа до неговото заминување. Во разговорот, тој откри дека бил блиску до договор со Пеп Гвардиола и објасни зошто не бил постигнат договор со Шпанецот. Малдини раскажа како дошло до соработка со …
Continue Reading
Феран Торес има договор со ПСЖ
Феран Торес ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен и сака да ја продолжи кариерата во редовите на европскиот првак. „Лекип“ пишува дека шпанскиот репрезентативец постигнал договор со ПСЖ за петгодишен договор, додека преговорите со Барселона сè уште се во тек. „Марка“ наведува дека клубовите се блиску до конечен договор и дека Барселона треба да добие околу 50 милиони …
Continue Reading
Уапсен 19-годишник од Кочани поради споделување експлицитни видеа од поранешната девојка
Деветнаесетгодишен кочанец бил лишен од слобода откако неговата поранешна девојка го пријавила дека без нејзина согласност правел експлицитни фотографии и видеа, а потоа ги споделувал со трети лица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчеравечер (8 август) во 21:40 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го привеле А.М. (19) од овој град. Неговата поранешна 18-годишна партнерка од виничко, во …
Continue Reading