Охриѓанец бил пуштен на викенд од затвор, па ја нападнал мајка му и фрлал предмети кон домот
Синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ.(46) од овој град, по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ја нападнал неговата 67-годишна мајка и фрлал тврди предмети кон домот. С.Ѓ. бил однесен во полициска станица, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“, каде што издржувал казна затвор, а бил пуштен …
Continue Reading
Пожар во Кисела Вода, маж пренесен во болница поради вдишување чад
Синоќа во полицијата било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода избувнал пожар, при што била зафатена жива ограда од куќа и било оштетено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Со повреди поради вдишување чад се здобил М.Д.(41) од Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување …
Continue Reading
Велешанец ја нападнал партнерката во домот и ѝ се заканувал со остар предмет
На 7 август во 22:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.К.(40) од село во велешко, по пријава дека во домот физички ја нападнал својата 29-годишна вонбрачна партнерка и ѝ упатувал закани со остар предмет. Предметот бил пронајден и одземен, а Х.К. бил задржан во полициска станица. За случајот бил известен јавен обвинител. По …
Continue Reading
38-годишен штипјанец пронајден починат во својот дом
Вчера во полицијата било пријавено дека во домот бил пронајден починат А.П.(38) од Штип. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Continue Reading
Со виљушкар спасувал патници од возот во Хрватска: „Тоа беше моја граѓанска должност“
Во 10:05 часот меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци, се случил судир на товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на ХЖ Патнички превоз. Шест патници се потешко, а 14 полесно повредени, дознава Хина од хрватското Министерство за здравство. Во патничкиот воз во моментот на судирот имало околу 20 патници. На терен се полицијата и …
Continue Reading
(Видео) Судир на патнички и товарен воз во Хрватска, 20 лица повредени – шестмина потешко
Два воза се судрија утрово во Хрватска, меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци. Во судирот учествувале товарен воз на HŽ Cargo и патнички воз на HŽ Putnički prijevoz. Според последните информации од хрватското Министерство за здравство, повредени се 20 лица, од кои шест потешко, а 14 полесно. Во патничкиот воз во моментот на несреќата имало околу …
Continue Reading
(Видео) СДСМ бара мораториум за нови комерцијални дата центри, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Националниот дата центар е во корист на граѓаните
СДСМ побара мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода, оценувајќи дека во услови на намалени водни ресурси и недостиг на електрична енергија ваквите инвестиции може да создадат дополнителен притисок врз водоснабдувањето и енергетскиот систем. На прес-конференција, Кети Штерјова од СДСМ рече дека Македонија повеќе увезува струја отколку што произведува и дека во …
Continue Reading
Вучиќ: Не верувам дека војната во Украина брзо ќе заврши, не разговаравме со Зеленски за воена соработка
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не верува оти војната во Украина брзо ќе заврши. Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белград, Вучиќ рече дека Србија и Украина не разговарале за каква било воена соработка, пренесе „Еуроњуз“. „Ние денес не разговаравме за каква било воена соработка. Што ќе биде кога ќе заврши војната, …
Continue Reading
Пропадна траснферот на Аслани во Лајпциг
Трансферот на Фисник Аслани од Хофенхајм во РБ Лајпциг, кој изгледаше како завршена работа, беше откажан во последен момент. Иако клубовите и играчот се согласија за сите услови, 24-годишниот напаѓач не ги помина лекарските прегледи, поради што Лајпциг се откажа од договорот вреден 25 милиони евра. По извонредната минатата сезона во Хофенхајм, се очекуваше Аслани да го смени клубот ова …
Continue Reading