(Видео) Пожарот во Кавадаречко подметнат од криминални мотиви, палежите распоредени на повеќе локации, рече Ангелов

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека се надева оти до вечер пожарот кај селото Раовец во Кавадаречко барем делумно ќе биде ставен под контрола, но предупреди дека гаснењето може да продолжи и во текот на ноќта. Тој информираше дека бил изврен разговор со осомниченото лице кое го подметнало пожарот од криминални мотиви, и се прибираат …

Continue Reading

Пукале со три пиштоли и пушка на свадба, Обвинителството бара притвор за четворица

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, општина Врапчиште, осомничени за предизвикување општа опасност. Според Обвинителството, на 31 јули вечерта, за време на свадбена прослава во дворот на семејна куќа во селото, осомничените употребиле огнено оружје – три пиштоли и една пушка од засега непозната марка и калибар – и пукале во воздух, со …

Continue Reading

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до …

Continue Reading

Британец осуден бидејќи речиси три години го чувал телото на мајка си во замрзнувач за да ја зема нејзината пензија

Британец е осуден на две години и четири месеци затвор бидејќи речиси три години го чувал телото на својата мајка во замрзнувач за да продолжи да ја прима нејзината пензија, пренесуваат британските медиуми. Според „Гардијан“, 60-годишниот Кристофер Филипс го чувал телото на својата 89-годишна мајка во замрзнувач во нивниот дом во Велс, додека во меѓувреме незаконски примил повеќе од 78.000 …

Continue Reading

Четиригодишно дете од Скопје тешко повредено откако било удрено со автомобил во Гостивар

Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Гостивар. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена во 16 часот на улицата „Железничка“, каде патничко возило „Форд Куга“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од селото Чегране, удрило во четиригодишното дете. По укажаната лекарска помош, …

Continue Reading

Флипбук Филм Фестивал 2026: 185 анимирани филмови на три локации во Скопје

Од 3 до 9 август 2026 година во Скопје се одржува седмото издание на Флипбук филм фестивал, кое годинава првпат се проширува на седум фестивалски дена и три локации – КОТУР, Кинотеката и просторот „Sе“. Во шесте фестивалски селекции ќе бидат прикажани вкупно 185 анимирани филмови: 27 филмови во главната конкуренција, 31 во студентската, 13 анимирани документарни филмови, 25 анимирани …

Continue Reading

(Видео) Ангелов: Пожарот во Кавадаречко се шири кон непристапен терен кај Тиквешкото Езеро, злонамерно е предизвикан, тешко е денес да се стави под контрола

Пожарот кај селото Раовец во Кавадаречко попладнево повторно се реактивираше со голема силина и се движи кон тешко пристапен и непристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Поради сериозноста на состојбата, веднаш биле ангажирани два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, а во гаснењето ќе се вклучат и …

Continue Reading

Три хороскопски знаци во август би можеле неочекувано да добијат пари

Според астролозите, август би можел да донесе неочекувани финансиски приливи за Раковите, Близнаците и Девиците, најчесто преку стари долгови, поврат на средства или нови деловни можности. За Раковите се најавува враќање на пари што веќе не очекувале да ги добијат, како наследство, заостаната исплата или стар долг. Близнаците би можеле да добијат нова деловна понуда или дополнителна заработка преку контакти …

Continue Reading

Жената која наплаќаше влез на локалитетот Куклица приведена поради напад врз посетители

Жената која претходно беше пријавувана дека незаконски наплаќала влез на локалитетот Куклица кај Кратово е приведена, откако физички нападнала посетители. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 19:30 часот полициски службеници од ОВР Кратово ја привеле С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои биле во …

Continue Reading