(Видео) Илјадници демонстранти во Киев повторно бараат враќање на Федоров за министер за одбрана
Неколку илјади луѓе вчера се собраа во Киев на протест под мотото „Марш за дијалог и реформи во одбраната“, барајќи од украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно да го именува Михајло Федоров за министер за одбрана. Протестот се одржа 16-ти ден по ред откако Федоров беше разрешен од функцијата. Организаторите најавија дека ќе продолжат со протестите, иако засега нема најава дека …
Continue Reading
Повеќе од четвртина од Европејците немаат пари за еднонеделен одмор надвор од дома
Повеќе од една четвртина од населението на Европската унија постаро од 16 години, односно 27,5 проценти, не можело да си дозволи седумдневен одмор надвор од дома во 2025 година, покажуваат податоците на Евростат. Според европската статистичка служба, уделот на граѓани кои немале финансиски можности за годишен одмор е зголемен за 0,5 процентни поени во однос на 2024 година. Сепак, во …
Continue Reading
Унгарија подготвува мерки поради рекордно нискиот водостој на Дунав, можно е исклучување на нуклеарната централа Пакс
Унгарската нуклеарна електрана Пакс, која произведува речиси половина од електричната енергија во земјата, би можела да биде исклучена уште овој викенд поради рекордно нискиот водостој на Дунав, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар. Според него, четирите реактори од руско производство во моментов работат со само една четвртина од вкупниот капацитет од 2 гигавати, а доколку нивото на Дунав продолжи да паѓа, …
Continue Reading
Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар полесно повредена во сообраќајна несреќа при враќање од Хрватска
Наташа Пирц Мусар се здобила со полесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера додека се враќала од годишен одмор во Хрватска. По превентивно задржување во болница, денеска е пуштена на домашно лекување. Несреќата се случила во тунелот Кастелец, додека претседателката патувала кон Коменда, каде што требало да присуствува како почесна покровителка на почетокот на тридневна велосипедска манифестација посветена …
Continue Reading
Вучиќ: Сите станавме разгалени, никој не сака да го исклучи клима-уредот
Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека Србија се соочува со сериозни последици од екстремните горештини и нискиот водостој на Дунав, оценувајќи дека дополнителен пад на нивото на реката би можел да предизвика големи проблеми. „Ако се спушти уште 30 сантиметри, готови сме. Во земјите што имаат нуклеарни електрани зависни од водостојот проблемот е уште поголем. Во секој случај, проблеми има …
Continue Reading
22 земји од ЕУ бараат итен заеднички одговор по случувањата на границата во Сеута
Лидерите на 22 земји-членки на Европската Унија, на иницијатива на Италија и Данска, испратија писмо до претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Советот на ЕУ, во кое бараат итен и координиран европски одговор по неодамнешните случувања на надворешната граница во шпанската енклава Сеута. Во писмото се бара итно одржување видеоконференција на министрите за внатрешни работи за да се процени …
Continue Reading
(Фото) Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена марихуана – лишен од слобода скопјанец
Полицијата лиши од слобода 39-годишен скопјанец, откако при претрес во автокамп на охридското крајбрежје била пронајдена дрога и опрема за нејзино пакување. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 31 јули 2026 година, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода В.С.(39) од Скопје. При претрес на камп-приколка и дворно место, биле пронајдени и одземени …
Continue Reading
(Фото) Претрес во Кондово, пронајдени револвер и ловна пушка – лишено од слобода едно лице
Полицијата лиши од слобода 35-годишен жител на скопско Кондово, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени револвер и ловна пушка. Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска во 08:00 часот во село Кондово, општина Сарај, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.А.(35). При претресот на неговиот дом и помошни простории, биле пронајдени и одземени револвер и ловна …
Continue Reading
Хутите тврдат дека пренасочиле осум саудиски танкери
Јеменските хути соопштија дека принудиле осум саудиски танкери со нафта да го сменат курсот како дел од, како што ја нарекуваат, поморската блокада на саудискиот извоз на енергенси. Според нив, танкерите ќе мора да пловат околу ’Ртот на Добрата Надеж‘ во Јужна Африка за да стигнат до своите дестинации во Азија, што значително би го продолжило времетраењето на транспортот. Саудиска …
Continue Reading