Од утре следува период на стабилно, сончево и топло време со пораст на температурите
Времето утре, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од …
Continue Reading
Уште нема официјален документ за водата во Гостивар а еве ги Маврово и Крушево, велат од СДСМ
Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за водата во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал? Кои параметри, прашуваат од СДСМ. „Додека чекаме таков документ, еве ги новите случаи: Маврово – водата привремено не е за пиење поради „превентивно чистење“ на мрежата. Крушево – водата била заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот …
Continue Reading
Стојаноски: Секој денар мора навремено да се претвори во конкретен проект, објект или услуга за граѓаните, а токму тоа се прави со овој ребаланс
„Овој ребаланс ќе даде подобар квалитет на животот на граѓаните, на стопанството и на институциите и овој ребаланс ќе гарантира дека во наредните шест месеци до крајот на завршувањето на оваа година граѓаните ќе имаат повисоки плати, ќе имаат повисоки пензии, приватниот сектор ќе добие поддршка и секоја сфера на општеството ќе расте“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан …
Continue Reading
Иран нема право да се претставува како жртва, вели министерот за надворешни работи на Украина
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, денес изјави дека Иран ја поттикнува војната на Русија со испраќање оружје и дека нема право да се преправа дека е жртва. На овој начин, Сибиха реагираше на најавата на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, кој во неделата на платформата Икс напиша дека нападот на Украина врз ирански трговски брод …
Continue Reading
Од 1 ноември, Црна Гора воведува визи за граѓаните на Русија, Кина, Турција и уште две земји
Владата на Црна Гора донесе уредба според која граѓаните на земјите кои претставуваа несовпаѓање помеѓу визниот режим на Црна Гора и Европската Унија – Белорусија, Кина, Русија, Саудиска Арабија и Турција – ќе треба да имаат виза за влез во Црна Гора од 1 ноември 2026 година. Ова денес го објави Министерството за надворешни работи на Црна Гора, откако Владата …
Continue Reading
Драма во Дубровник: три лица спасени од разбеснетото море
Вистинска драма се одвиваше во попладневните часови во Дубровник, каде што, поради големи бранови и тешки услови во морето, беше организирана итна спасувачка операција за спасување на три лица. Сè започна кога еден пливач се најде во исклучително опасна ситуација и не можеше сам да излезе на површина или да стигне до карпестиот брег. Во обид да му помогне, странски …
Continue Reading
Премиера на претставата „Три сестри“ со превод на англиски јазик- МНТ се отвора кон меѓународната публика
Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиера на претставата „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката – воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. На тој начин, театарот …
Continue Reading
Путин: Светот се менува пред нашите очи, , во прашање се судбината и иднината на Русија
Последните пет години беа една од најрешителните и најодговорните фази во историјата на Русија, во која, во услови на жестока борба и конкуренција, почнаа да се обликуваат контурите на новиот светски поредок, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин. Зборувајќи на состанокот со пратениците на Државната дума од осмото свикување, Путин оцени дека периодот за време на мандатот на сегашното свикување …
Continue Reading
Татко и син чувале пет килограми марихуана дома, 23-годишник криел амфетамин и ЛСД во подрум
Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога, со што беа исполнети елементите на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првата истрага се опфатени …
Continue Reading