Од 1 август, најпознатите историски знаменитости во Рим и Милано ќе работат до доцна навечер
Од 1 август, најпознатите историски знаменитости во Рим и Милано ќе работат до доцна навечер, со цел посетителите полесно да ги разгледуваат за време на летните горештини. Мерката е дел од заеднички проект на италијанските министерства за култура и туризам, чија цел е културното наследство да стане подостапно за туристите и граѓаните, особено во вечерните часови, кога температурите се пониски. …
Continue Reading
Гужва на ГП Богородица, за излез се чека до 30 минути
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Најголема фреквенција на возила е забележана на граничниот премин Богородица, каде што за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата.
Continue Reading
Денес сончево и топло со температура до 35 степени
Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува од југоисток. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени. Во …
Continue Reading
Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во …
Continue Reading