Сали присуствуваше на официјалните свечености по повод Националниот празник на Франција во Париз
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, присуствуваше на официјалните свечености организирани по повод 14 Јули – Националниот празник на Француската Република, на покана на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Присуството на Сали на свеченоста претставува потврда за одличните билатерални односи и силното партнерство меѓу Република Северна Македонија и Француската Република. По тој повод, министерот …
Continue Reading
Лавров: Европејците се обидуваат да ги поткопаат договорите меѓу Русија и САД за Украина
Европејците се обидуваат да ги поткопаат договорите постигнати меѓу Русија и Соединетите Американски Држави за Украина, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој го изјави ова на прес-конференција по разговорот со министерот за надворешни работи на Чад, Абдулае Сабре Фадула, наведувајќи дека тој и соговорникот размениле мислења за најновите случувања во врска со украинската криза. „Разговаравме за …
Continue Reading
Герасимовски: Ветувањето за бесплатен училишен оброк останува, мерката ќе се реализира фазно
На продолжението на 9. седница на Советот на Општина Центар, изгласан е Предлогот-програмата за измени и дополнувања на Програмата за образование за 2026 година, со што започнува првата фаза на реализацијата на мерката за бесплатен оброк за учениците во целодневна настава. До 2028 година мерката ќе се спроведува со преодно решение, преку делумно субвенционирање од 1.000 денари за родителите. Потоа …
Continue Reading
Нова ослободителна пресуда за Никола Груевски, гревовите на ДУИ кога беа власт ја суспендираат персоналната правда сега, велат од „Вреди“
Уште едно остварување на ДУИ, нова ослободителна пресуда за Никола Груевски, велат од „Вреди“ Според нив, тоа е уште една потврда дека измените на Кривичниот закон од 2023 година се шаблон за избегнување кривична одговорност. „Не случајно „Вреди“ го прашуваше Бујар Османи дали и зошто се среќавал со Груевски во Будимпешта? Заедничкиот содржател на трајна врска меѓу Ахмети и Груевски …
Continue Reading
Левица: Мицкоски го допре дното, наместо аргументиран и приземен одговор, со лични навреди и вмешување на семејството, го нападна Мециновиќ
Во јавноста денес се пласираат наслови дека Мицкоски се извинил за инцидентите во Собранието (неалудирајќи на оние коишто самиот ги стори и предизвика). Но, само неколку минути пред тоа, од собраниската говорница, Мицкоски лично одржа говор исполнет со лаги, навреди, омаловажувања, лични дисквалификации кон пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, и повторно ги вмешаа семејните прилики на Мециновиќ, велат од Левица. …
Continue Reading
Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, навредите се доказ за неговата слабост и неспособност
„Никој не му се плаши на Христијан Мицкоски. Навредите се доказ за неговата слабост и неспособност“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, потенцирајќи дека навредите на Мицкоски за опозициските пратеници не е израз на политичка сила, туку слабост. „Кога се нема резултати, кога нема решенија, Мицкоски ги навредува и им се заканува на пратениците во Собранието. Вчера …
Continue Reading
Пратеникот Филипче никаде го нема кога се дискутира за суштински прашања за граѓаните и државата во македонското Собрание, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара за разни прашања кои ги засегаат граѓаните и државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче, како пратеник кој зема плата од даноците кои ги плаќаа македонските граѓани, не зел збор за ниту една суштинска дебата во Собрание, не учествувал безмалку на сите седници наменети за пратенички прашања. Го немаше …
Continue Reading
Ѓоко Велковски ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади
Во Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што Ѓоко Велковски ја презеде должноста министер од досегашниот министер Фатмир Лимани. Со преземањето на функцијата се обезбедува институционален континуитет во работењето на Министерството и во спроведувањето на политиките и реформските процеси во областа на социјалната политика, демографијата и младите. Министерот Велковски, кој досега …
Continue Reading
Рокас : Се надевам на консензус за Изборниот законик до утре, се работи за 4,2 милиони евра што би биле искористени за граѓаните
Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, се надева дека до утре политичките партии ќе се успеат да се договорат за измените на Изборниот законик неопходни за исполнување на реформската агенда. Тој денес, на промоцијата на новите возила, донација за Државниот инспекторат за транспорт не ја исклучи можноста за консензус во последен момент. „Јас навистина се надевам на консензус, бидејќи има време …
Continue Reading