„Ер трактор“ полета кон пожарот на штипскиот Исар, огнот се приближил до куќите

Авион „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување полета кон пожарот што избувна на штипскиот Исар, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Пожарот избувна денеска на источната страна на тврдината Исар во Штип и се прошири во близина на куќите. На терен се пожарникари, а во гаснењето помага и локалното население.

Continue Reading

Приходите на Џеј Ди Венс и Меланија Трамп драстично се зголемиле во 2025 година

Приходите на потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џеј Ди Венс и првата дама Меланија Трамп значително се зголемија во текот на 2025 година, покажуваат федералните финансиски извештаи, додека приходите на претседателот Доналд Трамп ги надминаа нивните заработки многу пати. Венс заработил помеѓу 1,4 милиони и 7,4 милиони долари минатата година, вклучувајќи го и приходот од инвестиции, во споредба со помеѓу …

Continue Reading

Божиновска и Ризваноли: „Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави“

Во рамки на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари билатерална средба со министерката за економија на Косово Артане Ризваноли, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на енергетската соработка меѓу двете земји. Во фокусот на разговорите беа регионалното енергетско поврзување, сигурноста во снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори …

Continue Reading

Милановиќ: Се создава нов воен сојуз, граѓаните треба да бидат прашани што мислат

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека се создава „некој нов воен сојуз“ и порача дека граѓаните треба да бидат прашани што мислат за таквите процеси. Милановиќ за ова зборуваше во рамки на обраќањето за спорот околу учеството на хрватски војници на воената парада во Париз. Тој ја спомена и Коалицијата на подготвените, посочувајќи дека Србија ќе биде почесен гостин на …

Continue Reading

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок: Тоа е недозволиво

Контролите на Државниот пазарен инспекторат покажале дека некои маркети ја зголемиле маржата од 10 на 12 – 15 % овој јуни во споредба со јуни минатата година. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе ги повика на состанок за да ги преупреди дека тоа нема да се толерира. „Во одредени маркети нотирано е зголемување на бруто маржата споредена со минатата година …

Continue Reading

Презентирана опремата набавена преку Европскиот мировен фонд, Мисајловски порача дека таа покажува колку е значајна поддршката од ЕУ за зајакнување на капацитетите на Армијата

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, беше реализирана методско показна вежба и беше извршен приказ на тактичко-техничките средства и опрема, набавени преку Европскиот мировен фонд. На настанот премиерот Мицкоски порача дека приоритет на Владата …

Continue Reading

Црна Гора започна голема кампања против корупцијата во полицијата: становите, куќите и автомобилите на полицајците предмет на проверки

Од почетокот на 2025 година до средината на оваа година, одделот за борба против корупцијата на црногорското Министерство за внатрешни работи формираше 50 случаи во кои се вклучени најмалку 122 полицајци и лица поврзани со нив, против две обвиненија, а во три случаи истрагите сè уште се во тек. Луксузни станови, куќи, скапи автомобили и врски со одредени компании на …

Continue Reading

Со ребалансот 1,4 милијарди денари повеќе за земјоделците и 1,2 милијарди за здравството, најави Димитриеска-Кочоска

Предлог измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година од денеска се на дневен ред на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет. Пред членовите на Комисијата Предлог-ребалансот го образложи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која истакна дека со измените и дополнувања се потврдува заложбата на Министерството за финансии и Владата за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните …

Continue Reading

Закани со пиштол на Бит Пазар

Деветнаесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека нему, на неговиот брат и на нивен другар им биле упатувани закани со пиштол на подрачјето на Бит Пазар. Според информациите од МВР, на 2 јули во 23 часот во СВР Скопје, В.К. (19) од Скопје пријавил дека околу 20:30 часот, додека бил со својот брат и другар со цел да се видат со …

Continue Reading