Николоски: Над 4 милиони евра инфраструктурни инвестиции во Неготино
Инвестициите во Неготино само во делот на улици и плоштади, комунални проекти, паркови, изнесуваат над 4 милиони евра, што креираат нови слика за Неготино. Поддршката на Владата за Неготино и за другите општини е огромна и континуирна, порача денеска од Неготино, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Марија Нацева, извршија увид во …
Continue Reading
Тошковски: Отворени нови простории за разговор со деца во СВР Струмица
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија“. На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, шефот …
Continue Reading
Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари: со линеарното зголемување Мицкоски ветува подостоинствен живот за пензионерите
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на пензиите, изјави: „Ние кога бевме опозиција, јасно дадовме ветување дека ќе направиме сѐ што можеме, да во нашиот мандат обезбедиме на почеток линеарно зголемување од 5.000 денари за сите пензионери. Ние отидовме чекор понапред, обезбедивме 7.000 денари линеарно зголемување. Знаете дека …
Continue Reading
Мицкоски: СДСМ во коалиција со Левица поднесоа 13.000 амандмани, со цел да го спречат гласањето на нашинците во дијаспората
Политичката партија СДСМ во коалиција со политичката партија Левица, поднесоа 13.000 амандмани, со цел да го спречат гласањето на нашинците во дијаспората, плашејќи се дека ја немаат довербата на нашинците од дијаспората. И ова е силна порака кон нашинците во дијаспората кажа премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на барањата на дијаспората да гласа по електронски …
Continue Reading
Опожaрен багер во круг на фирма во Шуто Оризари
Синоќа во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари во круг на фирма за отпад била опожарена работна машина-багер. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, соопшти полицијата. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје во текот на денот ќе биде извршен увид и се …
Continue Reading
Раст на буџетот, модернизација на Армијата и грижа за вработените, Мисајловски ги сумираше резултатите во одбраната
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (2 јули) на прес-конференција во Министерството ги сумираше резултатите во одбраната и во Армијата во изминатите две години при што истакна дека земјава е безбедна и сигурна и дека процесот за модернизација и опремување, како и развојот на кадарот, поддржани од стабилниот раст на буџетот се реализираат со интензивно темпо. „Она што сите го …
Continue Reading
Поплавата ја уништи издавачката куќа „Антолог“: „Загубата, и материјално и емотивно, е неверојатно голема“
Десетици илјади книги, инвентар, техника и возила на издавачката куќа „Антолог“ се целосно уништени во вчерашното невреме што го зафати Скопје. Од таму велат дека целосно се поплавени магацинските простории и дека загубата е неверојатно голема. „Драги Антологџии, „Антолог“ каков што го познавате и го сакавте – повеќе не постои. Огромното невреме што вчера ги погоди Скопје и реонот на …
Continue Reading
Епидемија на салмонела во 14 земји поради инстант тестенини
Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) и здравствените власти денес објавија дека епидемија на инфекција со салмонела поврзана со ароматизирани инстант тестенини е регистрирана во неколку европски земји, со 106 потврдени случаи, претежно кај деца и млади луѓе. Случаите за прв пат беа пријавени во ноември, а најмалку 49 лица беа хоспитализирани, соопштија EFSA и Европскиот центар за превенција …
Continue Reading
Втората најголема активна област забележана на Сонцето во последните 10 години
Активната област на Сонцето порасна и стана втора по големина во последните 10 години, објави Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за космички истражувања на Руската академија на науките. Групата сончеви дамки означена со бројот 4478 во текот на претходните 24 часа дополнително ја зголеми својата површина и достигна големина од 1.550 единици, изјавија руски научници, пренесува „Интерфакс“. Според нивните …
Continue Reading