Уапсена професорка на универзитетот во Штип: побарала 300 евра од студент за да положи испит

Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го …

Continue Reading

Светска здравствена организација: Топлотниот бран во Европа е генерална проба

Низ Европа, луѓето се мачат да заспијат, собите за итни случаи се полнат, а службите за итни случаи рушат рекорди додека топлотниот бран го зафаќа континентот, предупреди европската канцеларија на Светската здравствена организација. Во Франција, бројот на повици до службите за итна медицинска помош се зголеми за до 50 проценти во некои градови. Минатата недела, Лондон го регистрираше својот најголем …

Continue Reading

Водечкиот модел во SUV гамата на Chery, TIGGO 9 PRO PHEV, официјално пристигна и на македонскиот пазар

Станува збор за најголемиот и најмоќниот модел на брендот досега, кој комбинира високи перформанси, напредна plug-in хибридна технологија и простор создаден за целото семејство. Со импресивни 428 коњски сили и 580 Nm вртежен момент, Tiggo 9 Pro PHEV обезбедува динамично возење и сигурни перформанси во различни услови. Забрзувањето од 0 до 100 km/h за само 5,4 секунди дополнително го издвојува …

Continue Reading

Исмаил: За Изборниот законик немаше консензус – во последен момент е вметнат член што предвидува казни до 8.000 евра за објави на социјалните мрежи

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, кој беше дел од работната група за подготовка на новиот Изборен законик во Министерството за правда, преку објава на социјалните мрежи изнесе серија забелешки за начинот на кој се одвивал процесот на подготовка на законските измени. Тој напиша дека јавноста се доведува во заблуда со тврдењата дека постоел широк политички консензус, наведувајќи дека во конечниот …

Continue Reading

(Видео) „СДС и Левица во коалиција за блокада на Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучи алармот“, вели Манасиевски

„СДС и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучија алармот. СДС и Левица здружено, ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа. Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати се што тие предложија. Единствено нешто што побаравме е по електронски пат нашата дијаспората да може да гласа уште на следните претседателски …

Continue Reading

(Видео) Сред лето не работат хируршките сали, власта го става во ризик здравјето на граѓаните, вели Младеновска

За две години Мицкоски и ВМРО го доведоа здравството до колапс, вели Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Сред лето, на пеколни температури, хируршките сали, овде во Клиничкиот центар не работат – системот е во дефект. Се откажуваат однапред закажаните операции и оние за кои е проценето дека не се итни. Откажани се операции на Клиниката за …

Continue Reading

Опасно суштество снимено во Јадранското Море, во Которскиот Залив: „Тоа е отровен ѓавол“

Опасната риба-лав беше фотографирана деновиве во Которскиот Залив, поточно во градот Рисан. Извесен Мирко фотографирал риба-лав во Јадранското Море, а фотографијата од опасното суштество ја објавил во ФБ групата на Општина Рисан. Многу луѓе реагирале на фотографијата што ја објавил Мирко, а многумина од нив биле многу исплашени. „Наскоро ќе пливаме во нуркачки одела“, напишала една жена. „Многумина веќе знаат …

Continue Reading

(Видео) Во Парагвај е прогласен државен празник по историскиот успех на фудбалерите на Светското првенство

Претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења, го прогласи вторник, 30 јуни, за државен празник поради пласманот на националната фудбалска репрезентација во осминафиналето на Светското првенство, кое се одржува во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Парагвајската фудбалска репрезентација се квалификуваше за осминафиналето на Светското првенство, откако синоќа во Фоксборо ја победи Германија со вкупен резултат од 5:4 по подобро изведување на …

Continue Reading

Уапсен скопјанец баран со судска наредба за доиздржување казна затвор од седум години и еден месец

Вчера во 20:00 часот во село Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 29-годишниот С.Ш. од Скопје. Претходно, во Центарот за азил во Визбегово, тој агресивно се однесувал и се заканувал со остар предмет на едно женско лице, по што со такси возило го напуштил местото. Набргу, по преземени мерки, возилото …

Continue Reading