Иран и САД се согласија на прекин на огнот и слободно движење на бродовите, потврди американски функционер
Иран и САД се согласија да ги запрат неодамнешните судири во Персискиот Залив и да ги продолжат разговорите за спорот околу Ормускиот теснец, потврди во неделата американски функционер, зголемувајќи надежи дека привремениот мировен договор би можел да се одржи и покрај притисокот од меѓусебните напади во последните денови. „Договорено е да се продолжат техничките преговори за сите делови од меморандумот …
Continue Reading
Вучиќ: Србија повторно го воведува задолжителниот воен рок
Србија повторно воведува задолжителна воена служба од март следната година, која ќе трае 75 дена и ќе ги опфаќа мажите под 30 години. Српскиот претседател Александар Вучиќ го објави овој потег, нагласувајќи дека регрутацијата ќе биде „многу кратка“. Ова ќе ја врати Србија во системот што го напушти во 2011 година кога се префрли на целосно професионална армија. Вучиќ ја …
Continue Reading
(Видео) Татко и син, мајка и деветмесечно бебе спасени од урнатините во Венецуела
Татко и син беа спасени од урнатините на срушена зграда во венецуелската држава Ла Гваира вчера, четири дена откако разорните земјотреси ја погодија земјата. Спасувачката акција им даде надеж на француските и американските спасувачки екипи кои се тркаат со времето за да пронајдат повеќе преживеани. Спасувачката акција траеше 12 часа, при што екипите внимателно ги скенираа урнатините со специјализирани камери …
Continue Reading
Делови од Драчево и Влае денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – Улицата Герника бр.8 и бр.10 Драчево, општина Кисела Вода, од 05,00 до 13,00 часот; – Улицата Иван Хаџиниколов бр.3 и бр.5 Драчево, општина Кисела Вода, од 05,00 до 13,00 часот; – Улицата Вангел Дину и дел од непарни броеви на улицата Франц Прешерн, населба Влае, општина Карпош, …
Continue Reading
Врачени највисоките фестивалски признанија на 65-тите Струшки вечери на поезијата
Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“ и „Браќа Миладиновци“, и меѓународното поетско читање „Мостови“ вчера вечер на Мостот на поезијата во Струга заврши 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Наградата „Златен венец“ на холандската поетеса Анеке Брасинга ѝ ја врачи в.д. директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш. Претседателката на жири-комисијата за доделување на наградата …
Continue Reading
Сончево и топло со максимална температура до 39 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен …
Continue Reading
„Некогаш и негде ќе те сретнам пак“: пријателите и колегите се простуваат од Владо Јаневски
Македонски музичари, актери и јавни личности со емотивни пораки се простуваат од еден од најголемите музички уметници. Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вчера вечер на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники.
Continue Reading
Почувствуван земјотрес во Гостивар, Тетово и околината
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Continue Reading