„Ова Светско првенство е фијаско за фудбалот“

Легендарниот Ули Хенес е целосно разочаран од Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Поранешниот фудбалер и долгогодишен претседател на Баерн Минхен ја критикуваше ФИФА и организацијата на Мундијалот. „Според мене, ова Светско првенство е фијаско за фудбалот. Просечната цена на билетите за финалето е 2.000 долари? Каде одиме?“, праша 74-годишникот од Улм. Иако почесниот прв човек на …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Филипче не се крие дека сака да дојде на власт за да изврши национално предавство

„Венко Филипче не само што не се разликува од Зоран Заев, туку е негова надградена верзија“ – ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Според него, за разлика од Заев кој пред да дојде на власт ги лажел граѓаните дека нема да го смени уставното име, Филипче уште отсега, од позиција на опозиција, отворено …

Continue Reading

ССМ: За четиричлено семејство во јуни потребни се најмалку 68.654 денари за основни трошоци

На едно четиричлено семејство во Македонија во јуни му се потребни најмалку 68.654 денари за да ги покрие основните месечни трошоци, покажуваат најновите податоци за Синдикалната минимална кошница кои денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Доколку семејството нема сопствен дом и живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, финансискиот товар драстично се зголемува, при што сумата …

Continue Reading

(Видео) Товарни вагони излетаа од шините и паднаа од мост во Минхен

Само неколку часа по страотната железничка несреќа во Велика Британија, во која загина еден машиновозач, а 89 лица беа повредени, се случи нова железничка несреќа, овојпат во Германија. Два товарни вагона излетаа од шините и паднаа од железнички мост од висина од пет метри врз сообраќајница во Минхен. Bu sabah Münih’te yürüyüş yaparken ilginç bir manzarayla karşılaştım.Schleißheimer Straße’daki demiryolu köprüsünde …

Continue Reading

(Фото+видео) Нови израелски напади во јужен Либан и покрај прекинот на огнот: најмалку петмина загинати

Најмалку пет лица загинаа денеска во израелски воздушни напади и напади со беспилотни летала во јужниот дел на Либан, соопштија либанските државни медиуми. Новиот бран напади доаѓа само еден ден откако официјално стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, милитантната група поддржана од Иран која дејствува во Либан. Според информациите на државната новинска агенција ННА, израелски воени …

Continue Reading

Австралија го потврди првиот случај на високозаразниот сој на птичји грип H5N1

Австралија го потврди својот прв случај на високозаразниот сој на птичји грип H5N1, со што вирусот е регистриран и на последниот континент кој досега не беше погоден од оваа болест. Австралиското Министерство за земјоделство соопшти дека вирусот е откриен кај дива птица преселница – смеѓа поморница – во оддалечен дел на Западна Австралија. Случајот е регистриран во Националниот парк „Кејп …

Continue Reading

Сенегалскиот селектор пет месеци не добил плата, играчите не ги добиле ветените премии

Фудбалската репрезентација на Сенегал на стартот на СП беше поразена од Франција со 1:3 (0:0), но мора да се напомене дека повеќе од еден час игра целосно му парираа на фаворитот. Сепак, како што објавија медиумите, Сенегалците се соочуваат со големи проблеми на Светското првенство, а ситуацијата достигна точка каде што основните услови за нормално функционирање се загрозени. Најголемо внимание …

Continue Reading

Алжир испрати официјална жалба до ФИФА: Каде е црвениот картон за Меси?

Фудбалскиот сојуз на Алжир поднесе официјална жалба до Светската фудбалска федерација (ФИФА) во врска со контроверзното судење на натпреварот од Светското првенство против Аргентина. Алжирците сметаат дека Лионел Меси и Алексис Мекалистер требало да бидат исклучени. Убедливата победа на Аргентина од 3:0 против Алжир, благодарение на трите гола на Лионел Меси во групната фаза на Светското првенство, не помина без …

Continue Reading

(Фото) Гужви на „Богородица“ и „Дојран“: се чека околу 40 минути за излез од државава

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од таму велат дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата. Според информациите на АМСМ, интензитетот на сообраќај …

Continue Reading