Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне во …
Continue Reading
Муцунски – Прево: Белгиска поддршка на Македонија во нејзината европска интеграција
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево. Централни теми на разговорите беа напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Белгија, со посебен акцент …
Continue Reading
Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците
Германија, иако не е вклучена во војната во Иран, директно ги чувствува нејзините економски последици, изјави денеска германскиот министер за финансии, Ларс Клингбаил. Зборувајќи во Вашингтон на маргините на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд, Клингбаил нагласи дека конфликтот веќе негативно влијае на германската економија, објави „Ројтерс“. Запрашан за официјалните владини прогнози што ќе бидат презентирани следната недела, министерот рече …
Continue Reading
Маѓар објави видео, од далеку се гледа Орбан на балкон: Што мислите дека чита – неговиот проштален говор или спортски вести?
Победникот на неодамнешните унгарски избори и иден премиер, Петер Маѓар, објави видео од претседателската палата Шандор во Будимпешта, каде што претседателот му ја покажувал својата канцеларија. За време на обиколката, Маѓар го забележал поранешниот премиер, Виктор Орбан, на балконот од соседната зграда, седиштето на премиерот, како чита нешто. Потоа Маѓар се сврте кон камерата и ја коментираше сцената со зборовите: …
Continue Reading
Трамп објави слика од Исус како го прегрнува: „Ми изгледа доста убаво!!!“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави слика од Исус како го прегрнува, генерирана од вештачка интелигенција, на својата социјална мрежа Truth Social, со американското знаме во позадина. Тој напиша со објавата: „На радикалните левичарски лудаци можеби нема да им се допадне ова, но мене ми изгледа доста убаво!!!“, напиша Трамп. На сликата, која брзо се прошири на социјалните мрежи, Исус …
Continue Reading
Лавров во Пекинг: Русија и Кина го зајакнуваат сојузот
Русија е подготвена да го зголеми количеството енергија што ја извезува во Кина пред очекуваната посета на претседателот Владимир Путин, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција во Пекинг, според руските новински агенции. Лавров изјави дека посетата на Путин ќе се одржи во првата половина од годината, додека весникот „Ведомости“, повикувајќи се на извори, објави дека таа …
Continue Reading
Мајкл Овен го избра фаворит на Светското првенство
Поранешниот напаѓач на Англија, Мајкл Овен (46), ги сподели своите размислувања за претстојното Светско првенство, истакнувајќи ја Франција како главен фаворит. Како дел од презентацијата на „Hisense“, за соработката со ФИФА во Цирих, освојувачот на Златната топка во 2001 година коментираше за проширениот формат на Светското првенство, логистичките предизвици и ги издвои играчите и репрезентациите на кои треба да се …
Continue Reading
Савески во Врховниот суд: разговарано за поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд
Во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство на РСМ и Врховниот суд на РСМ, државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска оствари работна средба со претседателот на Врховниот суд Африм Фидани. Тие разговараа за повеќе прашања кои треба да овозможат поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд, а по кои постапува и републичкото обвинителство. Во исто …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“ за неговиот особен придонес во афирмирањето на самобитноста на македонскиот народ и за залагањето и активизмот за национално и социјално ослободување и создавање независна македонска држава. Во своето обраќање таа истакна дека постхумното одликување на Анастас Коцарев претставува чин на исправување на историската неправда, но и …
Continue Reading