Вучиќ му честита на Маѓар , очекува продолжување на соработката меѓу Србија и Унгарија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му упати честитка на новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, по повод неговата изборна победа. „Честитки до Петер Маѓар за изборната победа. Уверен сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да се развива. Исто така, сум му благодарен на Виктор Орбан што помогна да се овозможат такви односи.“, напиша Вучиќ на Икс. …

Continue Reading

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по Иран

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по конфликтот со Иран, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. Фидан рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не може политички да опстане без непријатели и дека постои можност Турција да биде означена како нов противник. Тој додаде дека урамнотежената улога на Турција во регионот ја прави цел …

Continue Reading

Клучни членки на НАТО одбија да учествуваат во блокадата на Трамп

Клучни членки на НАТО одбија да учествуваат во американската поморска блокада на Ормуски теснец, што дополнително ги продлабочува разликите во Алијансата. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата земја нема да ја поддржи блокадата. „Не ја поддржуваме блокадата. Мојата одлука е јасна – без оглед на притисоците, нема да бидеме вовлечени во војна“, изјави тој за Би-Би-Си. Сличен став зазедоа …

Continue Reading

Пронајдено зрно од оружје на тераса на Бит Пазар

Жителка на Скопје пријавила дека во својот дом на подрачјето на Бит Пазар пронашла заталкано зрно од огнено оружје. Според информациите од СВР Скопје, пријавата била поднесена на 12 април во 12:57 часот од Е.Џ. (42). Таа навела дека зрното го забележала на подот од терасата во домот. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Трамп: Нема да му се извинам на папата

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека нема намера да му се извини на Папа Лав по критиките за американската политика кон Иран. „Не, нема да се извинам, затоа што папата кажа работи што се погрешни“, рече Трамп, додавајќи дека Иран не смее да има нуклеарно оружје. Тој го оцени папата како „слаб“ по прашањето на криминалот и рече дека …

Continue Reading

(Bидео) Трамп: Или ќе ни го дадат ураниумот, или ќе го земеме

Доналд Трамп изјави дека Иран многу сака договор, но дека Соединетите Американски Држави нема да попуштат околу нуклеарното оружје. „Иран нема да има нуклеарно оружје… Ако не се согласат, нема договор“, рече тој, додавајќи: „Или ќе ни го дадат или ќе го земеме“ за иранскиот збогатен ураниум. .@POTUS: “We can’t let a country blackmail or extort the world because that’s …

Continue Reading

Возило излета од пат, повредени лица од Богданци и Гевгелија

На локалниот пат од село Миравци кон село Петрово, гевгелиско, доцна вечерта се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „ауди“ излетало надвор од патот. Несреќата била пријавена на 12 април во 23:00 часот, а возилото било управувано од К.Д. (28) од Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д. (27) од Богданци, додека со телесни повреди …

Continue Reading

Унгарија не смее да биде прибежиште за криминалци, рече Маѓар и го спомена и Груевски кој таму доби азил

Новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се товарат за злоупотреба на службената должност. Тој порача дека Унгарија не смее да биде прибежиште за лица обвинети или осудени за криминал, при што го спомена и поранешниот македонски премиер Никола Груевски. …

Continue Reading

Драма во Неготино: Киднапирале 21-годишник со „мерцедес“ и го нападнале, полицијата ги уапси напаѓачите

Двајца жители на демиркапиското село Корешница биле приведени откако полицијата постапила по пријава за сериозен инцидент во Неготино. Според информациите од ОВР Неготино, станува збор за Б.М. (37) и Ќ.С. (30), кои биле лишени од слобода во текот на попладневните часови. Тие се сомничат дека со патничко возило „мерцедес“ противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, при што му се …

Continue Reading