Муцунски во Вашингтон на втората сесија од Стратешкиот дијалог со САД
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави, каде ја предводи високата владина делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која ќе се одржи во вторник. Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на партнерството со Соединетите Американски Држави, со фокус на …
Continue Reading
Израел: Нападнат најголемиот петрохемиски комплекс во Иран
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека израелската војска го нападнала најголемиот петрохемиски комплекс во Иран, во Асалујах. „Војската силно го нападна најголемиот петрохемиски комплекс во Иран“, изјави Кац, додавајќи дека по овој и претходни напади, надвор од функција се постројки кои сочинуваат околу 85 проценти од иранскиот извоз на петрохемиски производи. Според неговите тврдења, комплексот произведува околу половина …
Continue Reading
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 06 Април 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и …
Continue Reading
Захарова: Берлин ги заборави лекциите од историјата
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека „Берлин ги заборавил лекциите од историјата“, коментирајќи ги извештаите за ограничувања на правото на мажите на возраст за регрутација да ја напуштат Германија. „Во жештината на милитаристичката лудост, Германија целосно ги заборави лекциите од историјата. Последниот пат кога германската политичка елита се обиде да ја направи својата земја …
Continue Reading
Кошта: Само дипломатијата може да го прекине конфликтот на Блискиот Исток
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека по пет недели војна на Блискиот Исток, се покажува дека само дипломатско решение може да ги отстрани нејзините причини, нагласувајќи дека таргетирањето на цивилната инфраструктура е нелегално и неприфатливо, и дека Европската унија (ЕУ) го повикува Иран да ги запре нападите и да дозволи слободна пловидба низ Ормускиот теснец. Во објава …
Continue Reading
Кириите во германските градови пораснале за 43 отсто за десет години
Цените за изнајмување станови во германските градови во последните десет години во просек пораснале за 43 отсто, а во некои градови, како Берлин, растот достигнува до 69 отсто. Според податоците, станарите денес плаќаат во просек 43 отсто повеќе отколку пред десет години, а во Берлин и Лајпциг зголемувањето е близу 70 проценти. Во Берлин, цената по квадратен метар пораснала од …
Continue Reading
Алиу: Започната модернизација на 10 операциони сали, шест веќе обновени
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ги посетија хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде изминатиот период се комплетно реконструирани шест операциони сали од кои две на Клиниката ТОАРИЛУЦ (оддел трауматологија), две на Клиниката за урологија и две на Клиниката за детска хирургија. -Извршена е комплетна реконструкција и реновирање, комплетна замена на …
Continue Reading
Спречени обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит
Царинската управа спречи обиди за криумчарење на над 16 илјади парчиња лекови, 116 парчиња забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит. Во три случаи против осомничените се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Вкупно 16.051 парчиња непријавени лекови, со вредност од 1,6 милиони денари, се пронајдени при …
Continue Reading
Началник на украинската армија: „Ја вративме контролата врз голем дел од бојното поле“
Украина ја врати контролата врз 480 квадратни километри територија во југоисточните и источните делови на фронтот од крајот на јануари, изјави нејзиниот воен началник Олександр Сирски, додавајќи дека Русија ја продолжува својата пролетна офанзива. Посетувајќи го фронтот, Сирски рече дека Украина ја вратила контролата врз осум локации во источниот Дњепропетровски регион и четири локации во југоисточниот Запорожски регион. И покрај …
Continue Reading