Русија: Украина погоди нафтен терминал на Црното Море

Русија денес објави дека украинските беспилотни летала го нападнале црноморскиот терминал на Каспискиот цевководен конзорциум (CPC), преку кој патуваат 1,5 проценти од светските резерви на нафта. Нападот би можел да биде еден од најзначајните украински напади врз руските објекти на Црното Море од почетокот на војната. Во изминатиот месец, Киев ги интензивираше нападите врз руската инфраструктура, пишува „Ројтерс“. Руското Министерство …

Continue Reading

ОН: Досега на Блискиот Исток загинаа повеќе од 5.200 луѓе, милиони се раселени

Повеќе од 5.200 луѓе загинаа на Блискиот Исток откако САД и Израел започнаа напади врз Иран кон крајот на февруари, вклучувајќи повеќе од 2.200 цивили, соопштија Обединетите нации. Невладината организација „Активисти за човекови права“ проценува дека само во Иран загинале повеќе од 3.500 луѓе, вклучувајќи повеќе од 1.600 цивили и најмалку 244 деца. Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената …

Continue Reading

Утре сончево и топло време со температура до 26 степени

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени, информира УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен …

Continue Reading

Иран одговори на предлогот на САД, испрати 10 точки

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Техеран одговорил на предлогот на САД за прекин на војната. Според агенцијата, одговорот од 10 точки вклучува отфрлање на предлогот за прекин на огнот, со порака дека е потребен траен крај на војната. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно денеска зборуваше пред Белата куќа, заедно со големо велигденско зајче, во донекаде необична атмосфера со …

Continue Reading

Русија за војната во Иран: Регионот е во пламен, целиот свет ги чувствува последиците

Кремљ предупреди за „опасните и негативни последици“ од војната на Блискиот Исток, критикувајќи ги САД и Израел за започнување на конфликтот со Иран. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес во Москва изјави дека тензиите во регионот продолжуваат да растат. „Забележуваме дека нивото на тензија во регионот расте и продолжува да расте“, рече Песков. Тој додаде дека ситуацијата е исклучително сериозна. …

Continue Reading

Приведени странци кои снимале со дрон во близина на касарната „Илинден“

Во доцните вечерни часови во Скопје, во близина на касарната „Илинден“, полицијата приведе двајца странски државјани поради неовластено користење дрон. Случајот се случил на 5 април 2026 година, околу 23:05 часот, каде што полициски службеници од СВР Скопје постапиле по претходна пријава. При интервенцијата, од слобода биле лишени А.В.Д.Б. (50) и Ј.Л. (63), двајцата државјани на Холандија. Според информациите, тие …

Continue Reading

Израелска војска: Го убивме командантот на Револуционерната гарда

Командантот на Иранската револуционерна гарда е убиен во израелски воздушен напад врз Техеран, објави израелската војска. Израелските воздухопловни сили го убија Асгар Багери, кој ја водеше единицата за специјални операции на силите Кудс во рамките на Корпусот на Исламската револуционерна гарда од 2019 година, соопшти ИДФ на Телеграм. Силите Кудс се одговорни за координирање на сојузниците на Иран и прокси …

Continue Reading

Исплатени близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци

Од Министерството за земјоделство информираат дека денеска е реализирана исплата од близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци, како дел од финансиската поддршка во земјоделството. Најголемиот дел од средствата, 89.465.370 денари, се исплатени кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – директни плаќања по обработлива земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Дополнително, …

Continue Reading

Протест за правосуден испит на албански, Министерството за правда реагира дека испитот е законски, а собирот манипулација на политички структури

Студенти протестираа во Скопје барајќи почитување на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит и можност испитот да се полага и на албански јазик. На маршот студентите носеа транспаренти со пораки за почитување на законот, како и албански знамиња. Студентите побараа оставка од министерот за правда Игор Филков. „Нема држава без млади луѓе. Нашата борба е за …

Continue Reading