Невреме ја погоди Грција: има загинати
Бурата „Ерминио“ погоди неколку делови од Грција, предизвикувајќи поплави и соборени дрвја, додека 50-годишен маж загина во градот Неа Макри. Според претседателот на синдикатот на пожарникари, Костас Цигас, противпожарната служба примила околу 400 повици само во регионот Атика, главно поради испумпување вода од поплавени згради и отстранување паднати дрвја, објави ЕРТ. Еден маж загина кога бил однесен од порој додека …
Continue Reading
Се продава куќа од 13. век во Диоклецијановата палата во Сплит, цената нема да ве изненади
Куќа од 13. век во Диоклецијановата палата во Сплит, Хрватска, се продава за речиси 2 милиони евра, објави Индекс.хр. Хрватскиот портал пренесува дека станува збор за ексклузивен имот во Диоклецијановата палата. Во самиот центар на Сплит, во ѕидините на Диоклецијановата палата, се продава куќа од 13. век. Имотот е темелно реновиран, зачувувајќи ги оригиналните архитектонски елементи и има воспоставено туристичко …
Continue Reading
(Видео) Димитријевиќ: Савевски работи по нарачка на Мицкоски, го спасува криминалниот имот на ВМРО-ОКГ
Новиот јавен обвинител, Савески, откако е дојден на функцијата, работи по нарачка на Христијан Мицкоски, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција. Димитријевиќ посочи дека премиерот Мицкоски врши сериозен упад во независноста на правосудниот систем и работата на обвинителството, поставувајќи луѓе блиски до власта. „Како што и претпоставувавме, Мицкоски и овој пат лаже, кога вели дека …
Continue Reading
Американската амбасада издаде предупредување за Албанија
Амбасадата на САД во Тирана предупреди дека групите поврзани со Иран би можеле да нападнат субјекти поврзани со САД во Албанија. „Групите поврзани со Иран може да се обидат да ги таргетираат субјектите поврзани со САД или иранските опозициски елементи во Албанија. Тие исто така може да таргетираат вообичаени локации, како што се туристички места, трговски центри, хотели, клубови и …
Continue Reading
(Видео) Невреме ја погоди Италија: се урна мост, поплави во неколку региони, спасувачи на терен
Силно невреме ја погоди централна и јужна Италија, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето и уривање на мостот на државниот пат, додека некои области останаа без вода и електрична енергија. Мостот над реката Трињо се урна во регионот Молизе, во близина на градот Монтенеро ди Бизача, откако патот претходно беше затворен поради излевање на реката, објави „Анса“. ⚠️In corso esondazione del …
Continue Reading
Шефот на иранската армија: Ниеден американски војник не смее да преживее во случај на копнена инвазија
Врховниот командант на иранската армија го повика оперативниот штаб да ги следи движењата на САД и Израел со најголема прецизност и „момент по момент“ за да се спротивстави на можна копнена инвазија, објави иранската државна новинска агенција „ИРНА“. Во видео објавено од агенцијата, началникот на Генералштабот Амир Хатами е снимен на состанок со други воени лидери. „Доколку непријателот се обиде …
Continue Reading
(Видео) Трамп: Целиот свет гледа и не може да поверува колку сме моќни и брилијантни
Американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиско обраќање во среда навечер изјави дека американската војска речиси ги постигнала своите цели во Иран, но не понуди јасна временска рамка за завршување на едномесечната војна и се закани дека ќе ја бомбардира земјата и ќе ја врати во „каменото доба“. Трамп нагласи дека Соединетите Американски Држави биле исклучително успешни во војната со Иран …
Continue Reading
Герасимовски: Бесплатни здравствени консултации во Центар на 6 април, го одбележуваме Светскиот ден на здравјето
Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар на 6 април (понеделник) организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во Општинскиот младински центар „Матично“, во период од 09:00 до 15:00 часот. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни здравствени проверки и советувања со лекари. „Ги поканувам граѓаните да …
Continue Reading
Цената на нафтата расте по говорот на Трамп за Иран
Цената на нафтата од типот „Брент“ продолжува да достигнува нов максимум за време на денешната трговија, а фјучерсите моментално се движат кон 107 долари за барел, што е раст од повеќе од 5 проценти, два часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го заврши својот говор за војната што САД и Израел ја водат против Иран и најави посилни напади во …
Continue Reading