Герасимовски: Поттикнуваме креативност и љубов кон музиката кај најмладите ,пријавете се за фестивалот „Детелинка“
Општина Центар објави Јавен повик за реализација на предучилишен музички настан „Детски фестивал Детелинка“. „Ова е прв ваков фестивал кој има за цел да поттикне љубов кон музиката кај најмладите во градинките, да открие нови афинитети и таленти и да ја афирмира креативноста на воспитниот и стручниот кадар преку јавна промоција на автентични детски песни создадени од вработените во установите“, …
Continue Reading
Средба Славески- Шjиаочjинг Ју: Народната банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање
„Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и по блокадата на Ормутскиот Теснец, коишто ги зголемија светските ризици, создавајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка е фокусирана особено на меѓународните и на домашните економски движења и …
Continue Reading
Анчелоти: Жога бонито? Па, Бразил 40 години не игра атрактивно
Пред натпреварот против Хрватска, селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, јасно ја искажа својата фудбалска филозофија и план за освојување на Светското првенство. Италијанскиот стручњак нагласи дека одбраната е поважна за резултатот отколку бразилскиот идеал за атрактивен фудбал. Запрашан за бразилскиот стил на игра познат како „Жога Бонито“, Анчелоти понуди прагматичен одговор. „Жога Бонито“? Бразил ги освои последните две Светски првенства …
Continue Reading
Волк во Хамбург касна жена, фатен во центарот на градот
Волк касна и повреди жена во северниот германски град Хамбург, соопшти полицијата за агенцијата ДПА доцна вчера. Полицијата го фати животното подоцна навечер во близина на пристаништето Биненалстер во центарот на градот, извлекувајќи го од водата со стапица, изјави портпаролот на полицијата. Претходно, властите добија пријави од граѓани кои го виделе волкот на тоа и на други места. Волкот е …
Continue Reading
Приведен 22-годишен тетовец за издржување едногодишна затворска казна
Вчера во 11:25 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода лицето 22-годишниот А.А. од село Лисец, тетовско. Тој бил по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело по член 216 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово …
Continue Reading
Иран се приближува кон нови правила околу Ормускиот теснец: На бродовите на ЕУ ќе им биде забрането да минуваат
Безбедносниот одбор на иранскиот парламент одобри нацрт-закон со кој ќе се воведе систем на патарини за премин низ Ормускиот теснец и ќе се предложи ограничување на пристапот за бродови поврзани со земји кои воведоа санкции врз Иран. Предлогот ќе биде доставен до парламентот за дебата и гласање, изјави членот на комитетот Моџтаба Сари за новинската агенција ФАРС. Ќе им се …
Continue Reading
Гана го отпушти селекторот Ото Адо
Фудбалската асоцијација на Гана одлучи да ја прекине соработката со сегашниот селектор, Ото Адо. Адо си заминува по два порази во пријателските натпревари против Германија во Штутгарт (2:1) и Австрија во Виена (5:1), но тие беа само повод, а не причина. Гана не успеа да се квалификува за Африканскиот куп на нации и покрај тоа што во своите редови има …
Continue Reading
Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во Националната опера и балет
На големата сцена на Националната опера и балет, на 4 април со почеток во 11.00 часот, ќе се изведе детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“, наменета за најмладата публика на возраст од 6 до 11 години. Автор на идејата, сценариото, режијата, костимографијата и сценографијата е Десанка Глигоријевиќ. „Операта на шумските животни“ е интерактивна музичко-драмска претстава со едукативен карактер, …
Continue Reading
Папата: „Бог не ги слуша молитвите на оние што водат војна“, Белата куќа му одговори
Белата куќа денес ги бранеше молитвите за американските трупи вклучени во војната во Иран откако папата Лав XIV предупреди дека Бог ги отфрла молитвите на „оние што војуваат“. „Не мислам дека има нешто лошо во тоа што нашите воени лидери или претседателот бараат од американскиот народ да се моли за нашите војници и за оние што ѝ служат на нашата …
Continue Reading