ОН: Нашата зграда во Либан погодена од проектил
Мировната мисија на Обединетите нации во јужен Либан, позната како УНИФИЛ, соопшти дека зграда во нивното седиште во крајбрежниот град Накура била погодена од проектил. ОН наведува дека верува оти проектилот бил испукан од недржавен актер, што укажува на либанското милитантно движење Хезболах. Откако Израел започна обновена копнена операција во јужен Либан, се водат судири меѓу Хезболах и израелските сили …
Continue Reading
Трајковски: Данска е фаворит, ние покажавме дека можеме да играме со секого
Македонската репрезентација во тренинг центарот „Петар Милошевски“ се подготвува за првиот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Александар Трајковски потенцира дека тимот мора максимално сериозно да пристапи на дуелот. Напаѓачот, кој пред четири години во Палермо го постигна историскиот гол против Италија за пласман во финалето во плејофот за СП 2022, верува дека новата енергија во тимот …
Continue Reading
Тренер нападнат на стадион во Куманово: Во инцидентот учествувал и малолетен играч
Тренер на фудбалски клуб од Куманово пријавил дека бил физички нападнат за време на натпревар на стадион во градот. Според информациите, станува збор за 50-годишниот Т.Р., кој на 22 март околу 16:15 часот во СВР Куманово пријавил дека додека траел фудбалски натпревар бил нападнат од С.Т.(37) и неговиот малолетен син, кој е играч во фудбалскиот клуб. Од полицијата информираат дека …
Continue Reading
Кој е инфлуенсер, а кој невидлив? Зодијакот открива како се однесуваме онлајн
Во дигиталната ера, начинот на кој се претставуваме на социјалните мрежи често ја открива нашата личност. Според хороскопот, секој знак има свој препознатлив стил на однесување онлајн. Овен и Лав Овен објавува импулсивно и сака да биде прв во сè, додека Лав внимателно го гради својот профил како галерија на успех и внимание. Близнаци и Стрелец Близнаците се активни, духовити …
Continue Reading
Аманда Пит: Додека ми умираа родителите, дознав дека имам рак
Актерката Аманда Пит откри дека ѝ бил дијагностициран рак на дојка во период кога и двајцата нејзини родители биле на смртна постела. Во есеј објавен во списанието „Њу Јоркер“, Пит напиша дека туморот бил откриен по рутински преглед, а дијагнозата била потврдена со биопсија. Нејзиниот татко починал истиот викенд, додека мајка ѝ, која боледувала од напреднат Паркинсон, била во хоспис. …
Continue Reading
Севилја го отпушти Алмеида
Шпанскиот фудбалски прволигаш Севилја му врачи отказ на тренерот Матијас Алмеида (53), објави андалузискиот клуб. Поранешниот репрезентативец на Аргентина доби отказ по поразот од Валенсија (0-2), по што Севилј падна на 15-то место во Примера со 31 бод, три повеќе од зоната за испаѓање. Алмеида ја презеде Севилја во јуни оваа година и во 32 натпревари постигна само десет победи. …
Continue Reading
Трамп: Иран има уште една шанса да ги прекине заканите
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите со Иран се многу добри и дека постои многу добра шанса за постигнување договор. Говорејќи во Мемфис, Трамп рече дека Техеран сака договор и има уште една шанса да ги прекине своите закани кон САД и нивните сојузници. Тој додаде дека разговорите започнале претходната вечер и ги оцени како навистина добри, нагласувајќи дека …
Continue Reading
Возач со „бмв“ избегал по судир во Скопје: 56-годишник тешко повреден
Педесет и шестгодишен скопјанеце тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, по што другиот возач го напуштил местото. Несреќата се случила на 22 март околу 13:30 часот, кога се судриле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р., и патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки. По судирот, …
Continue Reading
Гослинг откри што е строго забрането во спалната соба со Ева Мендес
Актерот Рајан Гослинг, познат по тоа што приватниот живот со сопругата Ева Мендес го држи далеку од јавноста, овојпат направи исклучок и откри еден детал од нивната интимност. Гостувајќи во подкастот New Heights, 45-годишниот Гослинг ја коментираше неодамнешната изјава на својот колега Харисон Форд. Форд, претходно во разговор со Џими Кимел изјави дека со сопругата Калиста Флокхарт за време на …
Continue Reading