Барга прва стигна до четвртфиналето во Лига Европа

Фудбалерите на Брага се првите учесници во четвртфиналето на Лига Европа. Брага не само што го надомести дефицитот од два гола од првиот натпревар против Ференцварош, туку убедливо победи со 4:0. По половина час игра, Брага веќе имаше сè во свои раце. Домашниот тим поведе во 11-та минута кога Рикардо Орта го постигна првиот гол. Не поминаа ни четири минути …

Continue Reading

(Видео) Барселона за полувреме го декласира Њукасл

Барселона го декласира Њукасл со 7:2, во осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите. Спектакуларно првото полувреме одиграа Барселона и Њукасл. англискиот тим два пати се врати во мечот по водството на Барселона, во 37-та минута не доби пенал по дуелот на Кансело и Еланга. Пенал доби Барселона, по непотребниот фаул на Трипие врз Рафиња. Впечаток е дека тој момент го …

Continue Reading

(Видео) Саудијците пресретнаа ирански ракети, парчиња паднаа врз Ријад

Саудиска Арабија објави дека нејзините системи за воздушна одбрана пресретнале и уништиле две балистички ракети лансирани кон Источната провинција, додека властите соопштија дека засега нема извештаи за жртви. Во кратка изјава, портпаролот на саудиското Министерство за одбрана изјави дека ракетите биле успешно неутрализирани. Според саудиски извори, остатоците од пресретнатите ракети паднале и врз делови од Ријад по уште еден напад …

Continue Reading

Силна поддршка од САД за Орбан: Џеј Ди Венс патува во Унгарија пред изборите

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс планира да ја посети Унгарија во наредните денови за да ја покаже својата поддршка за долгогодишниот националистички премиер Виктор Орбан, кој се соочува со тесни избори следниот месец, соопштија во среда два извори запознаени со плановите. Орбан се соочува со својата најтешка битка за реизбор откако ја презеде власта во 2010 година, а анкетите на …

Continue Reading

Шпанскиот премиер: Ја поддржуваме Украина како што ја поддржувавме првиот ден, доаѓаат милијарда евра

Шпанскиот премиер Педро Санчез на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Мадрид објави дека Шпанија ќе обезбеди една милијарда евра воена помош за Украина во 2026 година. Двајцата лидери се сретнаа во понеделник, 18 март, за да го потврдат продолжувањето на соработката, објавува Украинска правда. Санчез вети дека Шпанија ќе продолжи да го поддржува украинскиот народ „со ист интензитет …

Continue Reading

ОАЕ: Не гледаме израелски ракети и дронови насочени против нас, туку ирански

Висок советник на претседателот на Обединетите Арапски Емирати изјави дека нападите на Иран врз земјите од Заливот ги приближуваат тие земји кон Израел и САД. „Иранските напади со полн интензитет врз земјите од Заливот всушност ќе ја зајакнат улогата на Израел во Заливот, а нема да ја намалат“, рече Анвар Гаргаш на настанот на Советот за надворешни односи. „Не гледаме …

Continue Reading

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март во својот дом, откако претходно, во кобната ноќ, над десетпати со своето возило превезуваше повредени до болниците во Скопје. Пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, …

Continue Reading

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна дека членството во Европска Унија останува наш стратешки приоритет, и покрај блокадата на процесот. Сиљановска-Давкова потенцираше дека пристапниот процес треба да е заснован на заслуги, врз основа на …

Continue Reading

Трипуновски од Босилово порача дека ќе ги посети сите општини: Во комуникација сме со секој земјоделец

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Босилово ја започна кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, од таму порача дека Босилово е пример за модерна и успешна општина со силно земјоделство.  „Во рамки на кампањата, во наредниот период ќе бидат посетени над 30 општини и повеќе од 120 населени места. Активностите ќе се реализираат преку …

Continue Reading