Вучиќ: Србија се подготвува да биде нападната од Приштина, Тирана и Загреб; Државата купи суперсонични ракети од Кина

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа за РТС потврди дека Србија купила суперсонични балистички ракети CM-400 од Кина. „Имаме значителен број ракети и ќе имаме уште повеќе“, изјави Вучиќ за Радио-телевизија Србија. Тој изјави дека српските вооружени сили успешно ја интегрирале кинеската ракета во руските борбени авиони МиГ-29 што ги поседуваат. Изјавата на Вучиќ доаѓа откако фотографиите на борбени авиони во …

Continue Reading

Уапсен 30-годишник од село Марино: при претрес пронајдена дрога

Вчера во 21:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Д.Р. од село Марино, скопско. При извршен претрес, по наредба од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршија претрес во домот на Д.Р., при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна …

Continue Reading

(Видео) Експлозија во Техеран за време на протест, толпата скандираше: „Смрт за Америка и Израел“

Иранската државна телевизија извести за силна експлозија на плоштад во Техеран, каде што беа закажани демонстрации. Телевизијата ИРИБ објави снимки и фотографии на кои се гледа густ чад како се издига над градот, пренесе Скај њуз. Полуофицијалната новинска агенција Тасним соопшти дека експлозијата е предизвикана од „американско-израелско бомбардирање“. Smoke rises in the air following an Israeli air strike near a …

Continue Reading

(Фото) Општина Кисела Вода со инклузивна акција: Децата со церебрална парализа садеа цвеќе заедно со градоначалничката и советниците

Денеска во дворот на Општина Кисела Вода се одвиваше инклузивна акција за садење цвеќе. Во активноста учествуваа децата со церебрална парализа, нивните родители, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, советниците од општинскиот Совет, како и волонтери од здруженијата „КрафтКонект Дубица“ и „Златни Ангели“. Оваа активност испрати силна порака за важноста на вистинската инклузија и потребата секое дете да биде активно вклучено во …

Continue Reading

Сијарто: ЕУ треба, по примерот на Америка, да ги укине санкциите врз руската нафта

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека Соединетите Американски Држави ги суспендирале санкциите врз поморскиот транспорт на руска нафта, но дека Европската Унија не го следела нивниот пример, што, според него, дополнително го поттикнува порастот на цените на енергијата во Европа, пренесува „Анадолу“. Сијарто го критикуваше Брисел за, како што рече, одбивањето да ги ублажи ограничувањата што го …

Continue Reading

(Фото) Митески: Срцето на Ново Лисиче добива нов лик

Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески информираше дека денеска извршил увид во градежните активности за реконструкција на јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43. „Старите и дотраени плочки се заменуваат со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за движење на граѓаните. Со реконструкцијата …

Continue Reading

Иран наскоро може да добие нов сојузник во војната против Америка и Израел

САД и Израел наскоро би можеле да имаат нов противник во нивната војна против Иран – Хутите во Јемен, пишува Аксиос. Вклученоста на Хутите во конфликтот би можела дополнително да ги дестабилизира бродските линии и сериозно да ја загрози воената кампања на САД во Персискиот Залив. За потсетување, новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи вчера се закани со одмазда против …

Continue Reading

Четворица Американци загинаа во пад на воен авион над Ирак

Четири американски воени лица загинаа во пад на воен авион за полнење гориво KC-135 што се урна во западен Ирак, потврди денес Централната команда на САД (CENTCOM). Според соопштението од CENTCOM, авионот се урнал вчера околу 14 часот по источно време. Во авионот имало шест члена на екипажот, а четворица се потврдени како мртви. Операциите за пребарување и спасување на …

Continue Reading

Приведен возач без возачка, прво избегал од полиција, за кратко време бил пронајден

Вчера во 18:40 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево, полициски службеници го приведоа С.С.(36) од кичевското село Горно Добреноец. При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници на улицата „11 Септември“, сопреле патнички автомобил „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки и откако му биле побарани возачки документи, тој го стартувал возилото и избегал од местото. По кратко време, на улицата „Гоце …

Continue Reading