ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прави перформанс со копирани кампањи и ја користи трагедијата за внимание
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСM продолжува да користи трагедии за политичка промоција, овој пат преку настапот на Каја Шукова на прес-конференција. Според партијата, со вчерашниот настап Сoцијалдемократскиот покажал дека не е повеќе политичка партија туку постепено се претвора во шоу за имитација. „На вчерашната прес-конференција, Каја Шукова, копираше кампањи кои се веќе видени во регионот, и за целосно да го долови …
Continue Reading
Трамп ги сопрел Курдите: Не сакам да влегуваат во Иран
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не сака курдските борци да се вклучат во војната во Иран. „Го исклучив тоа, не сакам Курдите да влезат. Не сакам да бидат ранети или убиени. Имавме добри односи. Подготвени се да влезат, но им реков дека не сакам да влегуваат“, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион „Ер форс уан“. Trump: We do …
Continue Reading
Израелски напад врз хотел во срцето на Бејрут: најмалку четворица загинати, цел биле ирански команданти
Најмалку четири лица загинаа во израелски напад врз хотел во Бејрут, а Израел соопшти дека цел биле ирански команданти, пренесе Ројтерс. Според Ројтерс, израелски напад погодил стан во зградата на хотелот „Рамада“ во центарот на Бејрут рано во неделата, при што загинале најмалку четири лица. Нападот е прв израелски удар во срцето на Бејрут откако минатата недела повторно се разгореа …
Continue Reading
Иранците: Во текот на ноќта погодени пет наши нафтени постројки
Соединетите Американски Држави и Израел погодиле пет нафтени постројки во ноќни напади во иранската престолнина и нејзината околина, изјавил еден функционер за државната телевизија. „Синоќа непријателски авиони нападнаа четири складишта за нафта и центар за транспорт на нафтени деривати во Техеран и Алборз“, изјави за државната телевизија директорот на Националната иранска компанија за дистрибуција на нафтени деривати, Керамат Вејскарами. Тој …
Continue Reading
Началникот на Генералштабот на Армијата присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на Националната Гарда на Вермонт
Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на покана на генерал-мајор Грегори Најт, вчера (7 март) присуствуваше на свечената церемонија по повод примопредавањето на должноста командант на Националната гарда (НГ) на Вермонт, САД. Свеченоста се одржа во 158-иот борбен ВИНГ (158th Fighter Wing) во воздухопловната база на НГ на Вермонт во Бурлингтон, каде досегашниот …
Continue Reading
Возбудливо осмомартовско патување во светот на гитарата со Дејан Милевски
Националната установа „Охридско лето“ вчеравечер организира осмомартовски концерт на кој настапи младиот виртуоз на класична гитара Дејан Милевски, охриѓанец со меѓународна уметничка кариера. Магичната атмосфера во акустичниот амбиент на црквата „Света Софија“, Милевски ја создаде со дела од барокната елеганција и композиции од романтизмот, а вечерта ја заокружи со избор од шпанскиот и латиноамериканскиот колорит, со што предизвика воодушевување кај …
Continue Reading
Претежно облачно време со услови за слаб дожд, најавуваат метеоролозите
Денеска времето ќе биде претежно облачно и тивко, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се движи од -1 до 4 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 12 и 16 степени. Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со краткотрајни сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе …
Continue Reading
Мајзак се закани, Ѓоковиќ по пресврт стигна до третото коло
Третиот носител Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на мастерсот во Индијан Велс, откако го победи полскиот тенисер Камил Мајжак со 4:6, 6:1, 6:2, по нешто повеќе од два часа игра. во три сета. Ова беше прв дуел меѓу Србинот и Полјакот, а следниот ривал на Новак ќе биде Александар Ковачевиќ. Тој играше со Американецот од српско потекло само …
Continue Reading