Трагедија кај Струмица: Возач на трактор загина по превртување на возилото
66-годишен маж од струмичкото село Градашорци загина откако се превртел тракторот што го управувал во близина на селата Едрениково и Требичино. Како што соопшти полицијата, на 07.03.2026 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на место викано „Буката“, на околу еден километар од локалниот пат помеѓу селата Едрениково и Требичино, имало превртен трактор. Од здобиените повреди на местото починал возачот …
Continue Reading
(Видео) Ѕвезда од „Вил и Грејс“ почина на 60 години по борба со рак
Актерот Кори Паркер, познат по улогата во серијата „Вил и Грејс“, почина на 60-годишна возраст, соопшти неговата тетка Емили Паркер. Тој починал минатиот четврток во својот дом во Мемфис по борба со рак, пренесува Ти-Ем-Зи. Не е наведено за кој тип на рак станува збор. Паркер ја започнал актерската кариера во средината на 1980-тите, а се појавил во филмот „Фрајдеј …
Continue Reading
СДСМ реагира за мигрантите: Мицкоски ти веруваме, многу ти веруваме
СДСМ соопшти дека не верува во тврдењата дека не постои договор со Велика Британија поврзан со прифаќање мигранти, обвинувајќи дека Владата носи политики кои, според партијата, одат во спротивна насока. Во реакцијата со наслов „Мицкоски ти веруваме, многу ти веруваме“, од СДСМ иронично наведуваат дека премиерот е познат по тоа што, како што велат, „кога нешто ќе каже го исполнува“. …
Continue Reading
Весна Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство
По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија организираше панел-дискусија под наслов „Жените ЗНААТ: Еднакви можности, силни жени, силно општество“, на која учествуваа пратенички, советнички, директорки и други носителки на јавни функции од редовите на движењето. Настанот не беше симболична прослава, туку платформа за сериозна и содржинска дискусија за улогата на жените во креирањето …
Continue Reading
Евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток: група од Дубаи се очекува да допатува во Скопје
Првата група македонски граѓани кои треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток денеска ќе отпатува од Дубаи кон Скопје, информира премиерот Христијан Мицкоски. „Првата група македонски граѓани која ќе биде евакуирана денеска ќе отпатува од Дубаи кон Скопје. Организирани се чартер летови од Саудиска Арабија, кои ќе ги прифатат македонските граѓани присутни во Катар и Кувајт. Очекувам во среда да …
Continue Reading
Жителка на Техеран: Луѓето попрво би загинале во бомбардирање отколку во затворите на Исламската Република
Една жителка на Техеран изјави за Би-Би-Си Персија дека многу луѓе во Иран се чувствуваат очајно поради состојбата во земјата и насилното задушување на протестите. „Никој не сака војна – таа е застрашувачка“, изјавила таа. „Но тие два месеци беа толку страшни што луѓето едноставно повеќе не можеа да го издржат тоа“, додала, мислејќи на насилното задушување на протестите од …
Continue Reading
(Видео) Протести на Кипар против британските воени бази: „Сакаме да се затворат“
Граѓани на Кипар протестираа во Никозија против британските воени бази на островот, барајќи нивно затворање, по неодамнешниот напад со дрон врз базата РАФ Акротири, пишува „Гардијан“. Демонстрантите маршираа кон претседателската палата извикувајќи „надвор со базите на смртта“, стравувајќи дека Кипар може да биде вовлечен во поширок конфликт со Иран. „Тие се опасност за нашата безбедност и никогаш не требаше да …
Continue Reading
Иранскиот претседател: Ќе ги засилиме нападите врз американски цели, немаме друг избор
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, најави дека Техеран ќе ги засили нападите врз американски цели на Блискиот Исток доколку продолжи притисокот врз земјата. „Кога сме нападнати, немаме друг избор освен да возвратиме. Колку е поголем притисокот врз нас, толку нашиот одговор природно ќе биде посилен“, изјави Пезешкијан. Тој додаде дека Иран нема да попушти пред закани или притисоци. Пезешкијан нагласи …
Continue Reading
Мицкоски: Британскиот амбасадор ги демантираше лагите на СДСМ за мигрантите, таков договор не постои и никогаш не постоел
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека британската дипломатија дала јасен одговор дека не постои договор меѓу Македонија и Обединетото Кралство за прифаќање мигранти, обвинувајќи дека СДСМ со месеци ширела неосновани тврдења. „Вчера добивме јасен и недвосмислен одговор. Од британската дипломатија, директно, право во чело. Јавно и недвосмислено Британскиот амбасадор кажа: таков договор не постои и никогаш не постоел“, рече …
Continue Reading