(Видео) Њукасл со играч помалку го победи Манчестер Јунајтед

  Њукасл ја прекина победничката серија на Манчестер Јунајтед во 29-то коло од Премиер лигата. На Сент Џејмс Парк, по спектакуларен финиш, домаќините славеа победа 2:1. Ова беше осми натпревар на „Црвените ѓаволи“, во Премиер лигата, откако Мајкл Карик го презеде тренерскиот штаб, а по шест победи и едно реми, ова е првиот пораз што 44-годишникот го претрпе како менаџер …

Continue Reading

(Видео) Реал Сосиедад се пласира во финалето на Купот

  Фудбалерите на Реал Сосиедад го победија Атлетик Билбао и се пласираа во финалето на Купот на Кралот. Откако Сосиедад го доби првиот натпревар со 1:0 во Билбао, со истиот резултат победија и во реваншот во Сан Себастијан. Со вкупен резултат од 2:0, сино-белите ги победија црвено-белите и се пласираа во финалето каде што ќе играат против Атлетико Мадрид. Реал …

Continue Reading

(Видео) Арсенал победи во Брајтон, Сити киксна против „Шумарите“, Жоао Педро ја растури Астон Вила

  Арсенал победи во Брајтон, а Манчестер Сити не успеа да слави против Нотингем Форест, во 29-то коло, во кое гостински победи забележаа Челзи и Вест Хем. „Топџиите“, во Брајтон, поведоа во деветтата минута, кога Сака влезе во средината и шутираше кон голот, а Фербруген лошо интервенираше, бидејќи топката му помина низ нозете наместо да забележи рутинска интервенција. Претходно, Брајтон …

Continue Reading

Пелистер во последните секунди извлече реми против ПСЖ

  foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа нерешено со ПСЖ 34:34 (15:18) во претпоследното коло, во Лигата на шампионите. Дејан Манасков во последните секунди реализираше напад и го постави конечниот резултат. ПСЖ, издоминира во првиот дел, два пати имаа „светците“ предност од четири гола, на полувреме заминаа со плус три. Играчите на Пелистер немаа намера да се предадат, …

Continue Reading

Путин: Русија би можела да престане да испорачува гас за европскиот пазар

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија може да престане да испорачува гас за европскиот пазар и да се фокусира на пазарите што ги смета за поперспективни. Според претставници на ЕУ и документ што го виде Ројтерс, Европската комисија ќе презентира законски предлог за трајна забрана за увоз на руска нафта на 15 април, три дена по парламентарните избори во …

Continue Reading

„Загрозен е целиот регион“: Макрон го повика Нетанјаху да не започнува копнена офанзива во Либан

Макрон разговараше и со либанскиот претседател Жозеф Ауна и премиерот Наваф Салам и ја нагласи „потребата Хезболах веднаш да ги запре нападите врз Израел и пошироко“. Во телефонски разговор денес, францускиот претседател Емануел Макрон го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не наредува копнена офанзива против Хезболах во Либан. Важно е страните да се вратат на договорот за прекин на …

Continue Reading

Канадскиот премиер: Го поддржувам нападот врз Иран „со жалење“, Канада и сојузниците не се консултирани

Канадскиот премиер Марк Карни денес ги повика сите страни во американско-израелската војна против Иран брзо да ги деескалираат непријателствата и, додека, од една страна, ги поддржуваше нападите врз Иран, додаде дека зазема таков став „со жалење“, според CNN. Карни, кој е во Австралија на турнеја низ Индо-Пацификот, им рече на новинарите во Сиднеј дека што се однесува до Иран, Канада …

Continue Reading

Писториус: Германија нема да се приклучи на војната против Иран

Германскиот министер за одбрана денес ја исклучи можноста за приклучување кон воените напади на САД и Израел врз Иран, нагласувајќи ја потребата од дипломатско решение на конфликтот. Обраќајќи се на општата парламентарна дебата за најновите случувања, Борис Писториус рече дека сè уште не е јасно колку долго ќе трае војната или дали ќе се прошири во други земји. „Германија не …

Continue Reading

Шефот на иранската дипломатија: САД го бомбардираат Иран од инает

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагачи, денес го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека го бомбардира Иран „од инает“. „Кога сложените нуклеарни преговори се третираат како трансакција со недвижнини, а кога големите лаги ја прикриваат реалноста, нереалните очекувања никогаш не можат да се исполнат. Резултат? Бомбардирање од инает“, напиша Арагачи на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека Трамп „ја …

Continue Reading