Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче

Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.

Continue Reading

Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра

Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства. Пријавителот …

Continue Reading

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин …

Continue Reading

Воспитувачки во градинка во БиХ психички малтретирале петгодишно дете, му ставале пелена преку алиштата за да му се смеат

Две воспитувачки од предучилишната установа „Бамбини“ во Хаџиќи, кои биле уапсени вчера под сомнение за злоупотреба на деца, ќе бидат ослободени. Окружното обвинителство во Сараево му предложи на Општинскиот суд да им изрече мерки на забрана наместо притвор. Апсењата се случија околу петнаесет дена откако медиумите објавија детали за случај во кој родителите тврдат дека наставничките го понижувале и малтретирале нивниот …

Continue Reading

Романија: Украинците соборија дрон на 100 метри од наше село, ние ги кренавме авионите

Украина собори дрон во близина на границата со Романија за време на рускиот напад врз украинската пристанишна инфраструктура во текот на ноќта, соопшти романското Министерство за одбрана. Министерството во соопштението наведува дека испратило борбени авиони да го следат нападот, по што дронот бил соборен на 100 метри од романското село Чилија Вече, кое е одвоено од Украина со реката Дунав. …

Continue Reading

Општина Илинден: Засилени активности за чистење и редовно одржување на каналската мрежа и речните корита

Општина Илинден продолжува со засилени активности за чистење и редовно одржување на каналската мрежа и речните корита на својата територија, со цел зголемување на проточноста и намалување на ризикот од поплави, информираат од општината. Во изминатиот период беше реализирано чистење на коритото на Сува Река, на потегот од вливот на „Бучинско езеро“ до излезот од населеното место Бучинци, во должина …

Continue Reading

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково, поради појава на сипаници кај овците и козите

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Цветан Трипуновски, заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов остварија средба со одгледувачите на овци. На средбата се разговараше за актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во о. Липково, Кумановско. Со цел да се спречат нови жаришта на територијата на државата, …

Continue Reading

Песков: Руските служби открија подготовки за напади врз гасоводи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека руските разузнавачки служби имаат информации за можни планови на Киев за саботажа на гасоводите „Син поток“ и „Турски поток“. „Нашите специјални служби ги имаат овие информации. Тие ги евидентираат обидите на режимот во Киев да се подготви за нови акти на саботажа“, им рече Песков на новинарите, одговарајќи на прашање за претходната …

Continue Reading

Мицкоски на потпишување на договор со меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ – Младите и спортот се приоритет на Владата

Сите ние сме свесни дека демографијата претставува општ европски проблем и затоа ни е многу важно младите од најрана возраст да ги образуваме, да ги научиме дека иднината е во нив и дека така како што тие ќе израснат таква иднина ќе имаат и ќе остават за нивните потомци, за тие коишто некогаш ќе бидат млади како што се тие …

Continue Reading