ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци, правда ќе има

Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време …

Continue Reading

Уапсен Турчин, криумчар на мигранти: пронајдени три лица од Египет и три лица од Алжир

Вчера вечер, околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје- Куманово, полициски службеници го лишија од слобода 33-годишниот О.К. од Турција, затоа што со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир. Претходно, на наплатната станица Романовце, тој не застанал на даден знак од полициските службеници, но по преземени мерки …

Continue Reading

Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата, велат од СДСМ

Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ. „Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. …

Continue Reading

(Видео) Додик вежбаше во природа, па порача: „Никогаш не сум бил во подобра форма“

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави видео на социјалните мрежи на кое прави чучнувања во природа, што предизвика бројни коментари. Со тоа, тој се придружи на долгата низа политичари кои ги искористија своите физички атрибути и спортски активности за да привлечат внимание од јавноста, пишува N1. Претседателот на СНСД на платформата Икс објави видео со пораката: „Никогаш во …

Continue Reading

(Видео) Ирански воен хеликоптер се урна во пазар, загинаа четворица

Ирански воен хеликоптер се урна во пазар за овошје во градот Дорчех, во централната покраина Исфахан, во вторник, при што загинаа пилотот, копилотот и двајца трговци на земја. Иранските државни медиуми ја објавија веста, пренесува Ројтерс. Во извештаите се додава дека по падот на авионот избувнал пожар, но службите за итни случаи успеале да го изгаснат. BreakingIranian army helicopter crash …

Continue Reading

Русија го истражува основачот на Телеграм за тероризам

Русија го истражува основачот на Телеграм, Павел Дуров, како дел од кривична постапка за „помагање на терористички активности“, објави државниот весник „Росијскаја газета“, повикувајќи се на Федералната служба за безбедност (ФСБ). Дуров сè уште не го коментирал извештајот, но Телеграм во последните денови отфрли низа обвинувања од Русија дека апликацијата е рај за криминални активности и дека е компромитирана од …

Continue Reading

Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри

Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. …

Continue Reading

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС и ДУИ, Артан Груби, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваат дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се поврзува со сериозен криминал и корупција во периодот на владеење на СДС и ДУИ. Осомничен е, како што велат, за проневера во службата за случајот со …

Continue Reading

„Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби“, велат од СДСМ

„Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ. Правната држава е погребана. Сè е однапред договорено и режирано. Куќен притвор за лице кое веќе еднаш избегало од државата и за кое веќе имало одредено мерка притвор“, велат од СДСМ. „Затоа го сменија јавниот обвнител, избраа судии и обвинители под нивна контрола. Сопруга на …

Continue Reading