Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година. Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – …

Continue Reading

Стоилковиќ – Мацура: акцентот на родовата еднаквост, заштитата на жените од насилство и унапредувањето на нивното економско и политичко учество

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денес оствари работна средба со Татјана Мацура, министерка без ресор задолжена за родова еднаквост, спречување на насилството врз жените и економско и политичко зајакнување на жените во Владата на Република Србија. На средбата беше изразена заедничката определба за продлабочување на соработката меѓу двете земји, со посебен …

Continue Reading

Сибиха: Унгарија и Словачка не можат да ја држат целата Европска Унија како заложник

Унгарија и Словачка не можат да ја држат целата Европска Унија како заложник, изјави денес украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, повикувајќи ги лидерите на тие земји да се вклучат во конструктивна соработка и да покажат „одговорно однесување“. „Денес, на Советот за надворешни работи на ЕУ, повторив дека унгарските и словачките ултиматуми треба да бидат упатени само до Кремљ“, …

Continue Reading

Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Continue Reading

Измамена тетовка: платила за работна виза за Германија, останала без виза и без пари

Синоќа во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати. Како што е пријавено, услугата …

Continue Reading

Германија трета најголема економија во светот и покрај бавниот економски раст

Германија е сè уште трета најголема економија во светот и покрај бавниот економски раст, според податоците објавени денес од Институтот за германска економија (IW) од Келн. Според проценките, бруто домашниот производ (БДП) на Германија во 2025 година изнесувал околу 5,052 трилиони долари, надминувајќи го јапонскиот 4,431 трилион долари и паѓајќи на четвртото место во споредба со претходната година. На прво …

Continue Reading

Општина Бутел започна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север

Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север. Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“. Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за …

Continue Reading

Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации

На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија. На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на …

Continue Reading

Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање. „Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со …

Continue Reading