Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од општинскиот буџет

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според информациите на МВР, во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман …

Continue Reading

Гаши на работна средба во МАНУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, одржа работна средба во Македонската академија на науките и уметностите, со претседателот Живко Попов, како и со други претставници на Академијата. „На средбата се разговараше за значењето на поактивното вклучување на Академијата во стратешките процеси на развој на државата, особено во креирањето политики и во обезбедувањето стручна поддршка при институционалното одлучување“, соопштија од Собранието. Исто …

Continue Reading

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што традиционално го организира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во своето обраќање, претседателката нагласи дека мајчиниот јазик не е само инструмент за комуникација, туку и чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ. Таа посочи дека образованието на мајчин јазик …

Continue Reading

Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари

Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.

Continue Reading

100 дена за Прилеп!

Во Општина Прилеп се одржа настан посветен на првите 100 дена од мандатот на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Дејан Проданоски. На настанот беше презентирано сработеното, реализираните проекти и приоритетите за наредниот период, во духот на транспарентност и отчетност кон граѓаните. „Сто дена можеби изгледаат како краток временски период, но кога тие денови се исполнети … The post 100 дена …

Continue Reading

Уапсени седум возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои тројца за возење без возачка дозвола, двајца за управување возило под дејство на алкохол и тројца со забрана за управување возило од Б категорија. По еден возач во Скопје и Битола управувале возило без возачка дозвола, од кои возачот во Скопје …

Continue Reading

Соопштение за граѓаните: Пријавување на материјални штети од силните налети на ветер во Општина Гевгелија

На 17 и 18 февруари 2026 година, подрачјето на Општина Гевгелија беше зафатено од силен ветер што предизвика материјални штети на објекти, земјоделски површини, инфраструктура и друга сопственост. Општина Гевгелија ги известува граѓаните кои претрпеле штети дека можат да поднесат барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина …

Continue Reading

Хоџа: Реален пресврт во управувањето со отпадот во Полошкиот регион

Модерниот регионален систем за отпад значи крај на импровизациите и трајно решавање на проблемот кој со децении ги мачи граѓаните– беше клучната порака од обраќањето на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на презентацијата на новата механизација за регионалниот центар Русино. Инвестицијата во вредност од 1.114.200 евра е реализирана со поддршка од Европската банка за обнова и …

Continue Reading

Јанчев: Во услови на безредие и хаос да се продолжува рок за легализација на дивоградби е фатално

Во услови на безредие и хаос да се продолжува рок за легализација на дивоградби е фатално, изјави на денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев. Тој истакна дека предложените измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти претставуваат директно стимулирање на дивоградбите и продлабочување на урбанистичкиот хаос. Јанчев потсети дека законот од 2011 година, кој требало да …

Continue Reading