Општина Битола објави Јавен повик за поддршка на лица со ретки болести
Општина Битола објавува Јавен повик за поддршка на лица со ретки болести за патни трошоци до болница надвор од Битола и нивни потреби, односно финансиска поддршка на лица со ретки болести кои што се наоѓаат во незавидна положба за надминување на истата, соопштија од Општината. Критериумите и условите како и потребните документи кои едно лице треба да ги исполнува и …
Continue Reading
Кога телото нагло старее: Ова се критичните години
Луѓето не стареат со исто темпо. Кај некои, првите брчки и бели влакна се појавуваат порано, додека други го задржуваат својот младешки изглед долго време. Сепак, новото истражување покажува дека постојат два периода во животот кога промените стануваат ненадејни и поизразени. Научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд следеа повеќе од 135.000 биолошки маркери кај 108 испитаници во текот на …
Continue Reading
Цукерберг денес сведочи на судење за зависноста на младите од социјалните медиуми
Извршниот директор на „Мета“, Марк Цукерберг, денес ќе сведочи на револуционерно судење за зависност од социјалните медиуми, побарано од адвокатите на тужителите кои тврдат дека Инстаграм и другите платформи се намерно дизајнирани да создадат зависност кај младите корисници. Извршниот директор на „Инстаграм“, Адам Мосери, беше првиот извршен директор од Силиконската долина кој сведочеше на 11 февруари, кога им рече на …
Continue Reading
Промоција на романот од Ирена Јурчева „Ќе помине и моќта“ во МКЦ
Вечерва, со почеток од 19 ч., во фоајето на Младински културен центар (МКЦ), ќе се одржи промоција на најновиот роман од Ирена Јурчева – „Ќе помине и моќта“. Покрај авторката, на промоцијата ќе зборуваат Виолета Танчева-Златева и Александар Маџаровски-Читачот. Романот „Ќе помине и моќта“ излезе од печат кон крајот на 2025 г., во издание на „Паблишер“, и претставува досега најамбициозно …
Continue Reading
Крива Паланка ја слави Прочка со автентичниот обичај „Сусурига 2026“
На 21 февруари во Крива Паланка по третпат ќе се одржи манифестацијата „Сусурига 2026“, која како автентичен обичај ја оживува вековната традиција на маскирање и палење оган во чест на празникот Прочка. Во духот на прошката, заедништвото и обновувањето, градскиот плоштад ќе се претвори во живо средиште каде генерациите се спојуваат околу обиччајните вредности што со векови се пренесуваат од …
Continue Reading
Николоски: Почна постапката за воведување директна авиолинија со Саудиска Арабија
Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија, информира министерот, Александар Николоски. Тој вели дека целта на Спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија и потенцира дека досега меѓу двете држави не се одржувал воздушен сообраќај. „Со Спогодбата се …
Continue Reading
(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено
Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните. „Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму …
Continue Reading
Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс
По повеќе од еден месец откако беше пронајдена мртва во хотел во Сан Франциско, причината за смртта на 34-годишната Викторија Џонс, ќерка на познатиот актер Томи Ли Џонс, е објавена. Таа почина на 1 јануари, а причината за смртта е предозирање со кокаин. Канцеларијата на главниот судски испитувач во Сан Франциско објави дека Викторија починала од „токсични ефекти на кокаинот“. …
Continue Reading
(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи. Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции. Силниот ветер направи проблеми и во Скопје. На шест локации се …
Continue Reading