Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт
Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е забележан багер и ископана е голема дупка, додека во близина тече вода по коловозот. Засега е познато дека станува збор за уличен дефект, но не е соопштено кога состојбата ќе биде целосно нормализирана. „Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм …
Continue Reading
Истрага за ранчот на Епстин во Ново Мексико по тврдењата за закопани девојки
Властите на сојузната држава Ново Мексико покренаа истрага за ранчот „Зоро“, кој му припаѓал на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, по обвинувањата дека на тој имот надвор од Санта Фе сексуално злоупотребувал девојки и жени, објави Аксиос. Според пратеничката Андреа Ромеро, истрагата има за цел откривање на вистината и овозможување преживеаните да добијат правда. Министерството за правда на Ново Мексико …
Continue Reading
Во Женева заврши првиот дел од преговорите помеѓу САД, Украина и Русија
Трилатералните мировни преговори меѓу САД, Русија и Украина во Женева завршија по речиси пет часа, објавија руските медиуми. Руската делегација ја предводеше Владимир Медински, а Украина ја претставуваа претседателот на Советот за безбедност Рустем Умеров и началникот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Кирил Буданов. Во дискусиите учествуваа и американскиот специјален претставник Стив Виткоф и зетот на претседателот Доналд Трамп, …
Continue Reading
Експлозија уништи црква во Њујорк, има повредени
Според последните информации, најмалку пет лица се тешко повредени, додека 13 добиле полесни повреди во експлозијата што се случила во една црква во сојузната држава Њујорк. Како што пренесуваат локалните медиуми, на местото на настанот биле испратени бројни екипи на итната медицинска помош, а локалните власти побарале и хеликоптери за транспорт на повредените. Властите соопштија дека првите екипи на итната …
Continue Reading
(Видео) Единствената сестра на Адолф Хитлер за која ретко се зборува
Паула Хитлер била единствената сестра на Адолф Хитлер која го доживеала зрелото доба. Во исто време, го поминала животот во сенката на човекот што стана симбол на злото во 20. век. За разлика од својот брат, Паула живеела повлечен и анонимен живот, настојувајќи што повеќе да се дистанцира од политиката и од нацистичкиот режим. Родена е на 21 јануари 1896 …
Continue Reading
Кинеските брзи возови наскоро на релација Будимпешта–Белград
Новата ера во железничкиот сообраќај меѓу Унгарија и Србија би можела да почне за неколку недели со воведување модерни возови од кинеско производство на линијата Будимпешта–Белград. Во меѓувреме, на унгарската делница веќе се спроведуваат тестирања со големи брзини, а првите информации велат дека патувањата нема да бидат само побрзи, туку и значително поудобни, пишува „Дејли Њуз Хангари“. Српската државна железничка …
Continue Reading
Мејлови за принцот Ендрју и Вирџинија Џуфре излегоа во јавноста
Принцот Ендрју имал спогодбен сексуален однос со Вирџинија Џуфре, се наведува во неконзуриран мејл упатен до осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн, кој тој не го демантирал. Во вторникот беше објавена приватна комуникација меѓу Епстин и еден новинар, за сексуален однос со помеѓу Ендрју и Џуфре, пишува „Дејли Мејл“. Ендрју Маунтбатен-Виндзор претходно негираше дека воопшто ја запознал Џуфре, а камоли дека …
Continue Reading
Кои хороскопски знаци се најстроги родители
Астрологијата сугерира дека одредени хороскопски знаци во улогата на родители не отстапуваат од своите принципи и воспитуваат со дисциплина, јасни правила и високи очекувања. Јарец Јарците се симбол на дисциплина. Под влијание на Сатурн, воспитувањето го сфаќаат како сериозна животна мисија. Очекуваат ред, одговорност и исполнување на обврските без изговори. Иако делуваат строги, нивната љубов се изразува преку стабилност и …
Continue Reading
Илјадници во Косово протестираа против судењето на командантите на ОВК во Хаг
Илјадници луѓе се собраа во Приштина носејќи транспаренти на етничката албанска Ослободителна војска на Косово (ОВК) за да протестираат против судењето на поранешните водачи на ОВК, обвинети за воени злосторства во периодот помеѓу 1998 и 1999 година. Поранешниот претседател Хашим Тачи, поранешните претседатели на парламентот Јакуп Красниќи и Кадри Весели, како и поранешниот пратеник Реџеп Селими беа уапсени во 2020 …
Continue Reading