Светот влегува во нова ера, рече Рубио во пресрет на неговото патување во Европа
Американскиот државен секретар, Марко Рубио изјави дека светот влегол во „нова ера“, во пресрет на неговото патување во Европа, каде ќе одржи клучен говор на Минхенската безбедносна конференција. Тој ќе ја предводи американската делегација на првиот голем глобален собир по заканата на претседателот Доналд Трамп за анексија на Гренланд, што беше протолкувано како закана за данскиот суверенитет, објави Би-Би-Си. Додека …
Continue Reading
Општина Прилеп распиша јавен повик за членови во Локалното собрание на млади
Општина Прилеп го објави Јавниот повик за предлагање кандидати за членови на Локалното собрание на млади на Општина Прилеп. Локалното собрание на млади претставува тело составено од по еден делегат и еден заменик-делегат, кои се предлагаат од младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации, како и други облици на младинско здружување. … The post Општина Прилеп …
Continue Reading
(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра
Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ. „Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции. Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за …
Continue Reading
Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“
Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во писмото, Ристовска наведува дека одлуката ја донела по „неделни јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со нејзината работа“ во Комисијата. Таа вели дека целата своја професионална кариера, вклучително и работењето во ДКСК, ја …
Continue Reading
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ. Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани …
Continue Reading
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот. Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна: „Cayenne …
Continue Reading
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир. Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом …
Continue Reading
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека. Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Continue Reading
Утре врнежи од дожд а на планините снег
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во недела ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник во текот на ноќта и во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи …
Continue Reading