Штрајк во „Луфтханза“: Откажани стотици летови низ Германија

Пилотите и кабинскиот персонал на германската авиокомпанија „Луфтханза“ во Германија денеска стапија во целодневен штрајк. Прекинот на работата е резултат на конфликт со синдикатите околу напорите на авиокомпанијата да ги намали трошоците и да ја зголеми профитабилноста. Иако точниот број на засегнати летови не е објавен, компанијата објави „бројни откажувања“, а нормализација на сообраќајот не се очекува пред петок, пренесе …

Continue Reading

(Видео) „Никогаш не бев заљубен во неа, но ја почитувам поради нашето дете“

Пејачот Зејн Малик (33) и моделот Џиџи Хадид (30) беа заедно околу шест години, со прекини, и дефинитивно се разделија во 2021 година, една година по раѓањето на нивната ќерка Каи. Џиџи сега е во среќна врска со Бредли Купер, а Зејн, гостувајќи во подкастот „Call Her Daddy“, зборуваше за нивната врска и неговите чувства кон моделот. „Моето разбирање за …

Continue Reading

Средба Славески – Варнс: Стабилниот финансиски систем и модерните платни решенија се основа за инвестиции и економски раст

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија Никол Варнс, на која беа разменети мислења за економските текови, институционалниот развој на Народната банка и реформските процеси насочени кон поддршка на економскиот раст и евроинтеграцијата. На средбата беше истакнато дека Народната банка постојано го јакне својот институционален капацитет …

Continue Reading

Откажување на тендерска постапка / CANCELLATION OF A TENDER PROCEDURE

⇓ ОТКАЖУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА / CANCELLATION OF A TENDER PROCEDURE ⇓ Информации за претходни известувања: Наслов на огласот за договор: РАБОТИ TD02 Развој на придружни туристички објекти. Референтен број на огласот за договор (идентификатор на постапка): 09-7679/2 Information about previous notices: Contract Notice Title: WORKS TD02 Development of tourism supporting facilities. Contract Notice Reference Number (procedure identifier): 09-7679/2

Continue Reading

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 12 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Адвокатите на Заев вршеле притисок, предметот „Пуч“ останал неотворен во СЈО

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наместо како независнa институција, функционирало како партиски штаб на СДСМ, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста, повикувајќи се на изјави од поранешната обвинителка Лејла Кадриу. Според Кадриу, четворица адвокати на Зоран Заев во времето на СЈО вршеле притисок врз обвинители за предметот „Пуч“. „Во СЈО дошле 4 адвокати на Зоран Заев, да ги убедуваат обвинителите …

Continue Reading

Швајцарија ќе гласа за ограничување на бројот на населението на 10 милиони

Швајцарија ова лето ќе гласа за предлогот на крајно десничарската Швајцарска народна партија (SVP) за ограничување на населението на 10 милиони. Овој потег би можел да ги загрози клучните договори со Европската Унија и, според противниците, сериозно да ја оштети економијата, пишува „Гардијан“. Иницијативата предвидува ограничување на растот на населението, што, според критичарите, би можело да му наштети на швајцарското …

Continue Reading

СДСМ: Владата сака авион за Мицкоски, но не и 600 евра минимална плата

СДСМ обвини дека Владата ги игнорира барањата за покачување на минималната плата на 600 евра, додека истовремено најавува набавка на нов владин авион. „Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, а вредноста на синдикалната кошница одамна надмина 66 илјади денари, Владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра“, се наведува во партиското соопштение. Според СДСМ, пратениците …

Continue Reading

ОН: Спречени пет обиди за атентат врз сирискиот претседател и двајца министри

Според извештај на Обединетите нации, во текот на изминатата година биле спречени пет обиди за атентат врз сирискиот претседател Ахмад ал-Шараа и министрите за внатрешни и надворешни работи. Во извештајот на генералниот секретар Антонио Гутереш, подготвен од Канцеларијата на ОН за борба против тероризмот, се наведува дека нападите биле планирани од група наречена Сараја Ансар ал-Суна, која се смета за …

Continue Reading